Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со слободоумна девојка?

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со слободоумна девојка?

За разлика од девојките во минатото, денес тие се многу понезависни, со пошироки погледи кон светот и со слободен дух. Тоа може да делува застрашувачки за некои потрадиционални момци, но, другите, пак, ги обожаваат девојките токму со овие карактеристики. Кој може да одолее на девојка со авантуристички дух, секогаш подготвена за нови предизвици? Доколку вашето срце затреперува поради таква девојка, ова се неколкуте работи кои треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со неа…

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со слободоумна девојка?

Поради неа ќе станете свесни за вашето опкружување

Веројатно никогаш не сте размислувале многу за вашиот роден град и отсекогаш сте сакале да се спакувате и да заминете што подалеку веднаш штом ви се укаже прилика за тоа. Но, тогаш ја запознавте неа. Одеднаш ги забележувате сите реки, езера, дрвја, планини и патишта на кои никогаш претходно не сте обрнале внимание. Сфаќате дека не се работи за тоа каде живеете, туку како живеете и кого имате крај себе.

Парите и материјалните работи нема да ја импресионираат

Пред да ја запознаете неа, мислевте дека дијамантите се најдобрите пријатели на девојките. Верувавте дека секоја девојка ќе можете да ја освоите ако ја однесете во луксузен ресторан и ѝ купите скап подарок. Но, таа ги сруши сите ваши стереотипи. Се појавивте кај неа пред врата со стотици црвени рози за денот на вљубените, а таа само ви се насмевна и ви се заблагодари. Но, три месеци подоцна кога едно летно попладне ја изненадивте со диви цвеќиња што случајно ги најдовте на патот, таа заблеска како новогодишен огномет. Тогаш сфативте дека парите не ја импресионираат, туку вниманието и гестот. Токму затоа и ја сакате толку многу!

Ќе ве научи како да бидете почувствителни

Таа покажува огромна почит кон нејзините сакани, непознати луѓе, кон Земјата и вие не можете да се изначудите на нејзината добрина, емпатија и сочувство кон секое живо суштество. Повеќе не се ни осмелувате да ги убивате мувите, затоа што таа ве научи колку се тие значајни. Отсекогаш сте се сметале за фино момче, но има нешто во неа што ја извлекува најдобрата верзија од вас и ве поттикнува да бидете најдобрата личност за вас, за неа и за светот.

Таа ќе ви ја покаже убавината во грдото

Таа цврсто верува дека прво треба да се обидете да ги поправите работите, пред да ги фрлите како расипани. Тоа ви е одлична гаранција дека кога нештата ќе тргнат наопаку и ќе наидете на пречки на патот, таа нема да крене раце од вашата врска туку ќе даде сѐ од себе за да ја спаси и одржи во живот. А вие засекогаш ќе ѝ бидете благодарни поради тоа.

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со слободоумна девојка?

Секој поминат ден со неа е нова авантура

Таа секогаш сака да шета наоколу и да открива нови места, да запознава нови луѓе и да прави нови работи. Постојано ве поттикнува да пробувате нови нешта и токму тогаш кога ќе помислите дека не можете повеќе да го следите секој нејзин чекор, таа ќе ве изненади со мирен и тивок ден кој зачудувачки е исто толку впечатлив колку и деновите полни со авантури. Јасно ви е дека таа е само ваша и сакате да ја задржите засекогаш.

Никогаш нема да можете да ја заборавите

Сѐ ќе ве потсетува на неа и од некоја причина постојано ќе се прашувате како би постапила таа во одредени ситуации. Изгрејсонцата, зајдисонцата, морето, цвеќињата, пчелите, добрата книга, сѐ ќе мириса на нејзината кожа и свилена коса. Овие ситници постојано ќе ве преплавуваат со сеќавања за неа што или ќе направи да се чувствувате прекрасно, или ќе ви зададат неподнослива болка, во зависност од тоа дали таа е сѐ уште дел од вашиот живот.

Таа ќе ве сака, но нема да зависи од вас

Таа е топла и нежна, но исто така и многу независна. Девојките како неа знаат кои се и знаат што сакаат. Доколку реши дека мора да ве исфрли од нејзиниот живот, сигурно многу ќе ѝ недостасувате, но таа никогаш нема да прифати нешто помалку од она што го заслужува, бидејќи многу добро знае колку вреди и колку може да понуди. Во нејзиниот свет, таа е центарот на универзумот, а не вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар