Што навистина сакаат луѓето кои не се родители и зошто намерно одбираат да немаат деца? - Part 2

Што навистина сакаат луѓето кои не се родители и зошто намерно одбираат да немаат деца?

6. Сакаат да го истребат човештвото

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

На Земјата живеат над 7,5 милијарди луѓе. Иако секоја година се зголемува бројот на луѓе што не сакаат деца, овој процент е премногу мал за да предизвика истребување. Речиси 90% од луѓето на планетата стануваат родители.

7. Мажот може да биде без деца, но за жената тоа е неприродно

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

И денес постојат многу стереотипи за жените и многумина веруваат дека секоја жена треба да има барем едно дете. Додека мажите можат да се посветат на кариерата или на образованието, жените кои немаат деца не се гледаат како успешни во модерното општество. Раѓањето не е одговорност што природата им ја дала на жените. Тоа е само можност и секоја жена има право на избор.

8. Други ќе треба да се грижат за луѓето без деца откако ќе остарат

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

И луѓето без деца плаќаат даноци. Но, тие ја немаат социјалната поддршка што владата им ја дава на семејствата со деца, па тие плаќаат повеќе пари. Покрај тоа луѓето без деца најчесто им се посветуваат на кариерите, па тие заштедуваат многу повеќе за во староста за разлика од колегите кои имаат деца.

9. Во минатото немало луѓе без деца

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Можеби ова движење е релативно ново бидејќи започна во 20-тиот век. Но, погрешно е да верувате дека во минатото сите сакале да имаат деца. Повеќето мажи и жени едноставно немале избор бидејќи немало средства за контрацепција и постоеле многу строги религиски и социјални правила. Она што го сакале луѓето не било многу важно. Но честите случаи на убивање деца веднаш по раѓањето, чудните прекини на бременоста и целиот тим дадилки што им овозможувал на жените да не се грижат за децата покажуваат дека не сите жени од минатото би имале деца доколку имале избор за тоа.

10. Засекогаш ќе останат без деца

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Луѓето можат да се променат поради многу фактори. Се разбира некои луѓе ја донесуваат одлуката да немаат деца и се држат до неа, но ова не важи за сите. Просечниот човек има разни интереси во текот на животот и разни политички и религиски верувања. Поради ова е нормално да го променат и своето мислење за основање семејство.

Погледнете кои се нештата што децата треба да ги научат од своите родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар