Што навистина сакаат луѓето кои не се родители и зошто намерно одбираат да немаат деца?

Што навистина сакаат луѓето кои не се родители и зошто намерно одбираат да немаат деца?

Не секој сака да биде родител, но општеството често им суди на овие луѓе. Поради ова тие постојано треба да објаснуваат зошто донеле таква одлука. Тоа што другите не ги разбираат ги тера агресивно да го бранат својот избор. За жал ова однесување само го оштетува нивниот имиџ и создава митови за нив кои се навистина смешни. Во продолжение погледнете некои од најпознатите митови за луѓето кои не сакаат да имаат деца.

1. Мразат деца

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Овие луѓе не мразат деца. Многу од нив работат како наставници, детски психолози или пишуваат книги за деца. Се разбира, постојат и луѓе со порадикални верувања, но најчесто тие не се против децата туку против родителите кои им дозволуваат на децата да прават многу нешта без да размислат за другите.

2. Се обидуваат да го наметнат нивното мислење на другите

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Заедницата на луѓе кои не се родители не е култ и тие не бараат нови следбеници. Ова е всушност заедница на луѓе кои дискутираат на теми како одгледување миленици, козметика, патување, природа и слично. Тие не организираат протести против деца. Се разбира, како и во секоја група и овде постојат радикални активисти, но нивниот број е навистина мал. Повеќето луѓе без деца не разговараат за ова ни со нивните пријатели и семејство.

3. Неплодни се или се ментално болни

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Репродуктивната функција на телото не е единственото нешто што треба да го одреди животот на модерната личност. Луѓето без деца сметаат дека одлуката за тоа дали ќе имаат деца е личен избор. Причината за овој избор може да биде многу поразлична. Некои луѓе сакаат да живеат за себе и сметаат дека детето ќе им ја ограничи слободата. Некои не сакаат деца бидејќи сметаат дека нивното одгледување е скапо. Некои не се сигурни дека би биле добри родители и сакаат да прават нешто друго со нивниот живот. Нивниот личен избор не треба да биде критикуван само затоа што е поразличен од оној на мнозинството.

4. Осамени се и не можат да пронајдат партнер

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Повеќето луѓе без деца се популарни кај спротивниот пол, имаат романтични врски и стапуваат во брак. Најчесто во овие семејства ниту еден од сопружниците не сака да биде родител и двајцата се среќни со оваа одлука.

5. Целта на животот е да имате деца, па луѓето без деца немаат никаква цел

Што сакаат луѓето кои не се родители и зошто не сакаат да имаат деца?

Ниту еден огранок од филозофијата не може точно да ви каже која е смислата на животот. Па, ако некој мисли дека целта не е раѓање и одгледување деца, туку волонтирање и помагање на другите, не можете да кажете дека неговиот живот нема цел. Секој има право да одлучи што сака најмногу. За некои тоа е семејство, за други успешна кариера, а некои само сакаат да го направат светот подобро место за живеење.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар