Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Кифозата, или грпка, е состојба која најчесто се појавува поради неправилно држење на телото. Ако не се третира соодветно, може да води до посериозни проблеми како хиперкифоза и скршеници на пршлените. Ако навреме ја забележите малата грпка на вашиот врат, можете целосно да се ослободите од неа со неколку промени на вашите навики.

1. Вашата тежина

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Вишокот килограми е еден од факторите за појава на кифоза. Кога ја зголемувате вашата телесна тежина, овој предел се влошува најмногу. Поради ова, првиот чекор за ослободување од грпката е промена на навиките за исхрана. Исто така добро е ги замените нездравите пијалаци со обична вода.

2. Контролирајте ја положбата на спиење

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Кога спиете потребно е ‘рбетот да биде во слична позиција како кога стоите – спуштени рамена, исправен грб, опуштени колена и колкови во линија со рамената. За да ја задржите оваа положба, следете ги овие совети:

  • Ако спиете на грб не ви е потребно ништо под главата, па користете само перница за вашиот врат.
  • Ако спиете на страна, земете една перница за да го исполните просторот помеѓу рамената и вратот, а друга перница ставете помеѓу колената и зглобовите.

3. Тренирајте ги мускулите на вратот

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Експертите велат дека вежбите што го зајакнуваат горниот дел од телото, вклучувајќи ги вратот и рамената, се ефективен начин за спречување на кифозата. Причината е што овие вежби ја зголемуваат мускулната маса и го олеснуваат согорувањето на мастите во овој дел од телото.

  • Ставете ги дланките на задниот дел од главата и притискајте напред. Истовремено навалувајте ја главата назад со помош на мускулите на вратот.
  • Останете во оваа положба 5 секунди.
  • Повторете 10 пати.

4. Истегнете ги мускулите на вратот

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Истегнувањето на овие мускули го намалува ризикот од појава на кифоза со тоа што го подобрува мускулниот систем.

  • Навалете ја главата на десната страна додека не почувствувате истегнување на левата.
  • Ставете ја десната дланка на главата и нежно повлечете ја надоле.
  • Останете во таа положба 30 секунди.
  • Повторете по 3 пати на секоја страна.

5. Опуштете ги субокципиталните мускули

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Субокципиталните мускули се малите мускули кои се наоѓаат на основата на вратот и ја држат вашата глава во правилна положба. За да ги опуштите, потребно е да ги најдете нивните точки на активирање и да ги манипулирате.

  • Поставете ја главата на топче за тенис или масажа и осигурете се дека создава притисок на посакуваното место.
  • Нежно мрдајте ја главата на двете страни за да почувствувате опуштање на мускулите.
  • Правете ја вежбата 1 до 1,5 минути.

6. Масирајте се

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Ако имате кифоза, најверојатно мускулите на вашиот врат се неприродно напнати. Можете да ги опуштите со една едноставна техника.

  • Завиткајте 2-3 крпи или шалови заедно.
  • Поставете ги зад вашиот грб држејќи по еден крај во секоја рака.
  • Нежно масирајте го вратот нагоре и надоле за да ја намалите напнатоста.
  • Правете го ова 5-7 минути.

7. Исправете го држењето на телото

Што претставува кифозата и како да се ослободите од неа?

Кифозата често е придружена со држење на главата малку понапред. На овој начин додавате дополнителна тежина на вашиот врат. Затоа е важно да го исправите држењето на телото.

  • За да ја исправите положбата на телото за време на одење, најдете го вашиот центар стоејќи исправено. Држете ја брадата паралелно со подот, вратете ги рамената назад и соберете го стомакот. Рацете пуштете ги слободно покрај телото. Замислете си дека од таванот излегува конец кој ве влече нагоре и ве држи исправено. Замислувајте го конецот секогаш кога треба да се вратите во правилна положба.
  • За да ја подобрите положбата за време на седење, изменете ја површината на којашто седите. Поставете ќебе или крпа под задниот дел на задникот. Ова ќе ви помогне да ги држите колената пониско од колковите.

Погледнете ги и овие совети со кои ќе го подобрите држењето на телото.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар