Што ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со употреба на лесна шминка

Што ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со употреба на лесна шминка

Дали треба целосно да се откажете од шминкањето?

Што ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со лесна шминка

Се разбира дека не!

За повеќето дами, шминката е средство за истакнување на природната убавина и на цртите на лицето, за прикривање на недостатоците, за подигнување на самодовербата.

Сепак, како што тврдат многу дерматолози, дневната шминка ја оптоварува кожата на различни начини.

Затоа, обидете се да не носите шминка најмалку една недела и ќе забележите разни придобивки како што се природен сјај на кожата, помали пори и помалку мрсна кожа.

Друг начин е поретко да користите „тешки“ производи и да ја намалите употребата на шминка сведувајќи ја на лесни и иновативни производи.

За да се откажете од течната пудра, од палетата за контурирање, кармините и сенките за очи, истражете како ќе изгледа вашата кожа ако престанете да се шминкате.

Се разбира, тоа не значи дека треба да го исфрлите вашиот несесер засекогаш – напротив, периодите како викенди или одмори се одлична можност за природен изглед без шминка.

Исто така, потрудете се секојдневно да го намалувате притисокот врз вашата кожа, па изберете маскара со добар квалитет, многу лесна пудра, добар кармин.

Во продолжение прочитајте што ќе се случи со вашата кожа ако не се шминкате одреден временски период.

1. Порите ќе изгледаат помали

Течната пудра, руменилото и бронзерот изгледаат убаво на кожата, но под површината, овие микрочестички се акумулираат во вашите пори по секое нанесување.

Со загадувањето на воздухот, нечистотијата се собира во порите, така што тие се полнат и се шират со текот на времето.

Иако вашите пори нема да се намалат ако не користите шминка, ако престанете со шминкањето, ќе го намалите полнењето на порите, а со редовно чистење, тие ќе бидат потесни, а лицето ќе биде помазно.

2. Ќе имате помалку мозолчиња

Колку повеќе шминка користите, толку повеќе токсини нанесувате на вашата кожа. Особено ако не ги чистите четките редовно, бидејќи така се насобираат уште повеќе бактерии.

Оваа нечистотија во комбинација со бактерии не само што ги затнува порите, туку може да предизвика и воспаление, што доведува до болни мозолчиња.

Потоа ќе сакате тие мозолчиња да ги покриете со шминка и така постојано во круг. Затоа, ќе забележите дека лицето ќе ви се исчисти ако не користите шминка најмалку една недела.

3. Ќе ја спасите сувата кожа

Со отстранување на шминката барем краток период, ќе ѝ помогнете на вашата сува кожа да се хидрира и да се одмори.

Имено, шминката го нарушува природниот процес на обновување на клетките на нашата кожа. Освен тоа, знаете колку е штетно кога заспивате со шминка.

Кај сувата кожа, процесот на отстранување на мртвите клетки на кожата е побавен, а шминката дополнително го забавува, оставајќи ги мртвите клетки на кожата подолго да останат на површината.

Некористењето шминка значи чиста површина на кожата која може непречено да се обновува.

4. Помалку алергиски реакции

Шминката содржи надразнувачки супстанции како парабени, сулфати, метали, парфеми и пигменти, што може да бидат предизвикувачи на алергиски реакции.

Меѓу нив е и контактниот дерматитис, кој се манифестира со црвени и суви делови на кожата, што може да доведе до воспаление.

Ако сте склони кон иритација и црвенило на кожата, некористењето шминка е најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кожа.

5. Помалку брчки

Дерматолозите се согласуваат за најпознатата контроверзија за шминката: истата шминка со која ги покривате брчките, всушност ги прави повидливи.

Со текот на времето, шминката се наталожува во ситните линии и брчки, привлекувајќи внимание на знаците на стареење што упорно сакате да ги скриете.

Сите старееме, па наместо да ги покривате брчките со слоеви течна пудра, сакајте го голото лице и ќе бидете изненадени колку помладо изгледате без шминка.

6. Кожата ќе ви биде помалку мрсна

Со исфрлањето на шминка од вашата рутина за разубавување, ќе ѝ дозволите на вашата кожа да дише и да биде помалку мрсна.

Слојот течна пудра измешан со себум во никој случај не изгледа привлечно: изгледа како да имате слој масло на лицето. Затоа, ќе забележите дека вашата кожа е помалку мрсна и подобро ќе можете да ја контролирате состојбата на вашата кожа.

7. Кожата ќе ви биде сјајна

По периодот на адаптација на кожата на своите природни процеси кои не се нарушени со шминка, ќе забележите дека вашата кожа изгледа свежо и одморено со природен сјај.

Така, ќе добиете ефект сличен на тој што го добивате со помош на хајлајтер, но комплетно без шминка, под услов да ја храните кожата правилно, со соодветно чистење и хидратација.

8. Поголеми оштетувања од сончевите зраци

Иако избегнувањето на шминката има многу предности, таа всушност ја штити вашата кожа од сонцето.

Поточно, повеќето течни пудри содржат заштитен фактор, дејствувајќи како одбрана на кожата против штетните ефекти на УВ-зрачењето.

Значи, исфрлањето на пудрата ќе го зголеми ризикот од оштетување на вашата кожа од сончевите зраци. Затоа, пред да излезете од дома, нанесете крем со заштитен фактор, особено ако не се шминкате.

Дополнителни придобивки од намалувањето на употребата на шминка:

  • Ќе имате повеќе време наутро за подготвување – нема да доцните бидејќи правевте контури;
  • Ќе заштедите пари ако не купувате шминка – пренасочете ги парите кон некои други женски задоволства;
  • Ќе се зголеми вашата самодоверба – ќе се чувствувате добро во сопствената кожа.

Сепак, никој не сака целосно да се ослободи од шминката, но интересно е да се знае ова за да можете да го одморите лицето околу една или две недели во текот на летото. На крајот на краиштата, трендот „No make up“ е многу популарен на социјалните мрежи и меѓу познатите.

Можеби сакате да откриете и што можат шминката и килограмите да направат од жените?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар