Што да облечете на пролетна венчавка?

Да се биде соодветно облечен за венчавка или формална пригода може да биде вистински предизвик, бидејќи треба правилно да се комбинираат и парчињата облека и модните додатоци. Некогаш, вистинската комбинација може да одземе многу време и нерви, а уште полошо е ако и самите на крај не сте задоволни од изгледот. Многу треба да се внимава за да не изгледате секојдневно, но и да не ризикувате да претерате со свечениот изглед. Погледнете ги овие предлози и пронајдете го стилот кој ви одговара:

1. Миди фустан

Што да облечете на пролетна венчавка?

Овој модел е едноставен и безбеден избор за секоја формална пригода. Можете да изберете различни кроеви, бои, форма на ракави и дезени. Со соодветни чевли или сандали, можете да создадете одличен изглед соодветен на пригодата, со кој ќе се чувствувате самоуверено и пријатно.

2. Костум во пастелна боја

Што да облечете на пролетна венчавка?

Пастелните бои се непогрешлив избор и лесно се комбинираат една со друга. Доколку одберете комбинација на панталони и сако во пастелни бои, сигурно нема да погрешите. Всушност, ќе изгледате убаво и соодветно на свеченоста, без да треба да размислувате дали сте претерале со комбинацијата. Изберете класични еднобојни чевли и мала чанта.

3. Фустан со сако

Што да облечете на пролетна венчавка?

Дури и врз најобичниот фустан, еднобојното сатенско сако може да придонесе за соодветен формален изглед. Исто така, можете да бидете сигурни дека ако стане постудено, вие нема да треба да се грижите, така што оваа комбинација има двоен ефект – и естетски и функционален.

4. Елегантен комбинезон

Што да облечете на пролетна венчавка?

Можете да изберете дезенирана или еднобојна варијанта и да искомбинирате со мала чанта и сандали. Со комбинезонот ќе ви биде навистина удобно, но доколку често го користите тоалетот, може да Љбиде доста непрактично. Изберете ја оваа комбинација за пократкотрајни формални пригоди.

5. Слип фустан

Што да облечете на пролетна венчавка?

Ваквиот фустан иако малку наликува на ноќница, дава префинет и функционален изглед. Комбинирајте со впечатлив накит и елегантна фризура и не заборавајте на рамениците да нанесете хајлајтер или малку светкав спреј.

Прочитајте и кои се 5-те подароци кои младенците не сакаат да ги добијат на својата венчавка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар