Сепак, постои решение: 10 едноставни начини да направите тенката коса да изгледа погусто!

Тенката коса честопати знае да создава „маки“, да ве нервира, бидејќи изгледа некако безживотно. Но, не е сè во тоа да купувате прескапи производи што наводно ќе ви помогнат да се справите со овој проблем, бидејќи честопати се случува да го направат спротивното и многу брзо да ја замастат и извалкаат косата, односно вашата коса да изгледа уште потенко отколку кога е без нив. Доколку се борите со овој проблем, за вас пронајдовме неколку едноставни начини, односно трикови, кои ќе ви помогнат вашата коса да го добие волуменот што го посакувате и да изгледа погусто.

1-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

1. Должината на косата е доста важна. Долгата, тенка коса изгледа уште полошо, отколку што е нејзината вистинска состојба. Оптималната должина за таа да изгледа погусто, не би требало да ги поминува рамената. На овој начин си давате доста можности да работите на фризурите што ќе го зголемат нејзиниот волумен.

2-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

2. Водете сметка за тоа каде се наоѓа вашиот патец. Доколку тој се наоѓа на средината на главата, вашата коса ќе изгледа доста тенко и без волумен. Префрлете го тежиштето од патецот на другата страна, па така едната страна ќе ви изгледа доста погусто, а тоа ќе ви даде општ подобар изглед.

3-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

3. Доколку ја стилизирате косата за да го подобрите волуменот, тогаш ви предложуваме да изберете благи бранови, локни, но така што коренот на влакната да биде малку подигнат, со цел вашата коса да изгледа погуста и полна со волумен.

4-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

4. Честопати на тенката коса ѝ помага бојадисувањето. Различните бои и прамените во неколку нијанси ѝ даваат занимливост на целата структура, како и на изгледот на косата, а покрај тоа влијае и на самата густина. Освен тоа, и најобичните фризури изгледаат доста добро кога имате некои вакви прамени. Станува збор за трендот сомбре што е доста популарна техника на бојадисување.

5-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

5. Многу е важен и начинот на миење на косата. Никогаш немојте да ја влечете надолу, бидејќи така ги тегнете влакната и уште повеќе ја истанчувате веќе тенката коса. Трлајте го шампонот со благи движења, а потоа исплакнете без никакво додатно агресивно третирање на влакната.

6-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

6. Исто така, водете сметка и за тоа како ја сушите косата. Секогаш префрлете ја косата преку главата за време на сушењето. На овој начин коренот на влакната ќе се издигне од темето и ќе направи вашата коса да биде полна со волумен, а со самото тоа и да изгледа погусто.

7-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

7. Во текот на сушењето можете и со прстите полека да викате прамен по прамен, што ќе направи да имате волумен и да изгледа косата погусто. Различните апарати за виткање и за исправување ја уништуваат и горат, па затоа сушењето со виткање околу прстот ви претставува најдобар можен избор.

8-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

8. Користете производи за коса во помали количини. Честопати се случува тие да бидат главните виновници за „спласнатата“ коса и што таа изгледа ретко и тенко, па затоа намалете ја нивната употреба или количина која претходно сте ја нанесувале.

9-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

9. На пазарот во последно време се појавија голем избор суви шампони, кои помагаат во тоа вашата коса да го одложи времето за миење. Но, овој производ фризерите најмногу го препорачуваат за постигнување на поголем волумен, па затоа слободно и вие користете го за таа намена.

10-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

10. Тенката коса понекогаш е добра кога се прават пунџи и различни стилови на собрани фризури. Но, понекогаш таквите фризури не успеваат и уште повеќе го изразуваат вашиот проблем, па за да го спречите тоа, горниот дел треба да биде малку подигнат, а долниот лабаво собран, што во суштина ќе направи да изгледа како да имате доста густа коса.

11-sepak-postoi-reshenie-10-ednostavni-nachini-za-da-ja-napravite-tenkata-kosa-da-izgleda-pogusto-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар