Секојдневните навики на вистински среќните луѓе

Како концепт, среќата може да изгледа смешно. Но што ако грешиме? Што ако постојано ја поистоветуваме среќата со совршеност, со тоа правејќи ја недостижна? Доколку среќата навистина е достижна, тогаш која е тајната?

Секојдневните навики на вистински среќните луѓе

Имено, 60% од формулата за среќа се одредени од генетиката и опкружувањето, а 40% од личниот став и пристапи. Па, погледнете кои се навиките на вистински среќните луѓе и пронајдете ја вашата среќа уште денес.

1. Минување време со саканите

Како човечки суштества, ние имаме ретка способност да бараме рај или пекол кај другите луѓе. Многуте токсични врски што ве носат во длабочината се лесни за наоѓање, но најдобриот лек за ова е опкружувањето со позитивни луѓе. На овој начин ќе ја зголемите вашата самодоверба, креативност и забава. Сепак, радоста е заразна.

Истражувачите кои ја проучувале среќата над 20 години откриле дека оние кои се опкружени со среќни луѓе, имаат поголеми шанси да бидат среќни во иднина. Гледајте го ова како инвестирање во вас, а потоа како еден вид пензија.

2. Славење на добрите нешта

Важноста на славењето на победите, особено малите, често е потценувана во бркањето на секогаш поголемите амбиции. Но, многу среќни луѓе одвојуваат време да ценат сè што се одвива како што треба, што може да биде наградувачко и да ви го подобри расположението.

Одбирањето да ја гледате позитивната страна има свои придобивки, како намален стрес и продолжување на животот. Среќните луѓе знаат колку е важно да бидат присутни, да уживаат во добар оброк, длабока конекција или сончев ден.

3. Вежбање на моќта за давање

Дури и најмалите добри дела можат да направат чудо за вашата среќа. Помагањето не само што ги усреќува другите, туку го поттикнува лачењето на окситоцин, серотонин и допамин во вашето тело, од кои сите предизвикуваат чувство на среќа.

Едно истражување покажало дека луѓето на сите возрасти, биле посреќни и поздрави откако вложиле време, енергија или пари во некој друг.

4. Слушање, по можност во живо

Кога слушате, ја отворате можноста да научите нешто, наместо да го блокирате светот со вашите зборови и мисли. Личноста која знае да слуша често му дава значење на разговорот. Според едно истражување, оние кои учествувале во некој суштински разговор се чувствувале позадоволно. Истовремено, интеракцијата во живо, наместо онлајн, предизвикува пријатни чувства и ја намалува анксиозноста.

5. Бесрамно смеење

Никој не се буди среќен секој ден. Но некои луѓе навистина работат на ова. Дури и ако не се чувствувате позитивно, барањето на некоја среќна мисла може да ви ја зголеми среќата и да ве направи попродуктивни. Ова е едноставно колку што и звучи – со самото тоа што глумите или одлучувате да бидете среќни, најчесто и вистински ќе се почувствувате среќни.

6. Развивање флексибилност

Флексибилноста, а не среќата, е спротивно од депресијата. Развивањето „дебела кожа“ и способноста да се вратите на нозе по неуспех е клучно за среќата. Всушност, сите ние градиме врз нашиот неуспех, го користиме како отскочна даска. Не треба да му дозволувате на неуспехот да ја троши вашата енергија, вашето време, ниту пак вашиот простор.

Погледнете ги и овие инспиративни начини за пронаоѓање среќа во вашиот живот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар