Сè што треба да знаете за техниката на шминкање „стробинг“

Поголемиот дел од жените сакаат да се шминкаат и имаат разновидна козметика. На интернет, во весниците и кај некои модни блогерки може да забележиме многу новини во шминкањето и нови производи кои мора да ги испробаме. Стробинг не е баш најнова техника на шминкање, но веќе започна секојдневно да се применува. Ако имате проблем околу оваа техника и ако не знаете убаво да ја примените, погледнете ги овие неколку совети.

1-se-shto-treba-da-znaete-za-tehnikata-strobing-www.kafepauza.mk_

Стробинг (блескање) е техника на шминкање која во суштина го истакнува до максимум, здравиот сјај на одредени делови од лицето. Кога применувате стробинг на одредени делови од лицето ќе изгледа како над нив да паднал сончев зрак. Применете стробинг на носот, на врвот на брадата, на центарот на челото, на коските на челото и на јаболчниците.

2-se-shto-treba-da-znaete-za-tehnikata-strobing-www.kafepauza.mk_

Пред техниката стробинг се користеше техниката контурирање на лицето која се постигнуваше со бронзер и сенки за контурирање, кои најчесто се нијанса или две потемни од вашата природна боја на кожата, меѓутоа стробингот се фокусира на светлото. Со оваа техника се прескокнува користењето на бронзерот и сенките за контурирање. При примената на стробингот има многу помали шанси за грешки отколку при контурирањето. Покрај тоа, вашето лице ќе изгледа поздраво и посјајно.

3-se-shto-treba-da-znaete-za-tehnikata-strobing-www.kafepauza.mk_

Техниката стробинг ги нагласува деловите од лицето кои сакаме да бидат нагласени. За бледата кожа се препорачува хајлајтер кој ќе биде во светло розова боја, а за средната и потемната боја на кожа се препорачува хајлајтер кој е светол и содржи малку златен тон за тој дел да биде сјаен, а не масен. Обидете се да пронајдете хајлајтер кој ќе биде кремаст и течен, бидејќи ќе треба да го користете во оваа техника и тој ќе ви помогне да создадете свеж изглед. Ставете на прстите, а потоа тапкајте го со четката. Со оваа техника ќе постигнете летен сјај кој ќе му даде здрав и свеж изглед на вашето лице.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар