Сакате секс во тројка? Ова се основните правила кои мора да ги знаете

Многумина од нас се раководат според начелото „еднаш се живее“, па така донесуваме одлуки за разни авантури во секој сегмент од животот. Љубовниот и сексуалниот дел од животот секако не се исклучок. Но, додека повеќето имаат разни „мрсни“ сексуални фантазии, малкумина имаат храброст да ги остварат. Ако тројката е нешто што сакате да го искусите, треба добро да сте подготвени и да знаете неколку правила пред да се впуштите во ваква секс-авантура.

Man and Two Women in Bed Together

Како тоа ќе се одрази на вашата врска?

Тројката може да ви го зачини љубовниот живот, но исто така може да ве воведе во непријатност и тензија. Затоа, многу е важно таквата одлука да не ја носите набрзина, туку сѐ однапред да испланирате. Една од најголемите заблуди за сексот е дека спонтаниот секс е најдобар, како што обично се случува во филмовите. Но, тоа не е вистина, особено ако се работи за секс во тројка. Наместо тоа, се препорачува темелен разговор со партнерот – што би ве направило љубоморни, дали сакате тоа да го направите само еднаш и како би се справиле со ситуацијата ако работите тргнат на лошо.

Која ќе биде третата личност?

Луѓето често грешат кога во ваквиот микс доведуваат добар пријател или познаник. Ваквата одлука ја носат обично бидејќи имаат доверба во пријателите. Но, многу често работите многу се комплицираат, па затоа третата личност подобро да ја барате на друго место, на пример, пријател на пријател кој никој од вас не го познава добро.

Какви се вашите очекувања?

Ако тргнете од претпоставката дека ќе биде чудно и непријатно, многу голема е веројатноста дека така и ќе биде. Сите кои се вклучени во оваа приказна мора да бидат 100% сигурни во својата одлука. Прифаќањето на ваквата идеја само за да му удоволите на партнерот и неговата фантазија не е причина да се сложите на секс во тројка, бидејќи после тоа лесно може сѐ да се сврти против него. Најздравите очекувања подразбираат дека ќе го зачините својот сексуален живот кој малку станал рутина, но сѐ уште не постанал проблем. Ако мислите дека така ќе ги решите сите проблеми што ги имате во спалната соба – нема.

Кои се вашите правила?

Пред да се впуштите во што било, мора да постојат јасно дефинирани правила кои сите учесници мора да ги прифатат. Така, мора да знаете што е дозволено, а кои се границите кои дефинитивно не смеат да бидат преминати. Најчесто правило е да нема бакнување бидејќи тоа е преинтимно. Уште едно златно правило гласи: ако не уживате, имате право да прекинете сѐ во кој било момент. Важно е само да бидете љубезни, особено кон третата личноста. Исто така, би било добро со партнерот да договорите сигурносен збор со кој јасно ќе му дадете до знаење дека нешто не ви е по волја ако дојде до таков момент.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар