Родителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека...

Родителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека…

Велат дека губењето на детето е најтешката трагедија која може да ви се случи во животот. Оние кои го искусиле тоа тврдат дека не почувствувале поголема болка. Тие родиле дете, му се радувале, го одгледувале, за потоа да налетаат на некоја тешка болест, неодговорен возач или нешто слично и одеднаш сето тоа да го снема. Нема што повеќе да се дискутира за тоа ако тие велат така. За да разберете подобро низ што поминуваат, прочитајте што вели за тоа Пола Стивенс, мајка чие дете починало. Таа советува неколку работи во врска со ова.

Родителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека...

Паметете ги нивните деца

Пола вели дека не може да ја опише болката што ја чувствува и дека таа мора да се почувствува на своја кожа за човек да има претстава за што се работи. Но, и покрај сè, таа и сите други кои се во нејзината ситуација сакаат нивното починато дете да остане запаметено.

„Ако видиш нешто што те потсетува на син ми, кажи ми за тоа. Ако се потсетиш дека тој ми фали за време на празниците и родендените, те молам речи ми дека го паметиш. И кога му го спомнувам името и евоцирам спомени, немој да се повлекуваш. Ако никогаш не си го сретнал, не плаши се да ме прашаш за него. Зборувањето на Брендон ми причинува среќа,“ вели таа.

Сфатете дека не можете да ги исправите работите

Таквата смрт го крши родителот на начин на кој не може да заздрави. Пола вели дека ги собрала делчињата од себе и продолжила напред, но ништо повеќе не е исто, и додава:

„Немојте да ни велите дека нè чека животот, дека поминало многу време или дека времето лечи сè. Добредојдена ни е вашата љубов и поддршка, знаеме дека понекогаш е тешко да нè гледате, но нашата скршеност нема да замине.“

Имајте предвид дека има два дена во годината кои се уште потешки од другите

Родителите чии деца починале сè уште ги паметат нивните родендени и замислуваат како би било кога детето уште би било тука и колку години би наполнило. Вториот датум кој има важно место во нивниот живот е оној кога се случила трагедијата. И двата дена будат непријатни чувства кај родителот без разлика колку години поминале оттогаш. Мора да разберете дека овие луѓе на тие два дена не се истите како и обично.

Разберете дека тешко наоѓаат среќа

Секој од нив различно се справува со проблемот, но сите имаат едно заедничко: тешко наоѓаат среќа во животот. Тие постојано балансираат меѓу тагата од една страна и среќата од другите деца од друга. Колку и да е среќен еден момент, дел од нив сè уште тагува за она што некогаш се случило.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар