Рецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Рецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Денес ви споделуваме евтин и супер здрав рецепт за енергетски коцки кои морате да го пробате!

Подготовката е толку едноставна, а состојките што ги бара рецептот не само што се здрави, туку се и одлични сојузници во борбата за „фит“ тело.

Рецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Во оригиналниот рецепт се наведени суво грозје, бадеми и урми, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје. Можете да додадете цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос.

Здравствени придобивки од секоја состојка

Сувото грозје го контролира гладот и ве прави сити подолго време. Преку консумирањето суво грозје се спречува прекумерното внесување на калории и се продолжува чувството на ситост.

И покрај тоа што може да го намали холестеролот, бадемите се одлична храна ако внимавате на линијата – ја намалуваат и желбата за храна, но и помагаат при градењето мускулна маса.

Урмите претставуваат идеална закуска која ќе обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради есенцијалните хранливи материи кои се содржат во нив и поради можните позитивни ефекти врз здравјето, урмите може да се сметаат за речиси идеална храна!

Начин на подготовка:

Како што веќе рековме, подготовката на овие енергетски коцки е многу едноставна. Ставете ги сите три намирници во еднакви количини во блендер и оставете ја машината да работи околу 30 секунди. Потоа премачкајте ја смесата на пластична фолија и обликувајте по желба (коцки, топчиња, стапчиња). Чувајте ги во фрижидер и нема потреба да се грижите за рокот на употреба, бидејќи може да траат и до неколку недели.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар