Рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути

Потребни ви се само неколку минути за да ги измешате состојките, да ги ставите во микробранова печка и да ги украсите со малку сладолед и ликер од кафе!

Рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути

Потребни состојки:

  • 150 милилитри млеко
  • 50 г суви сливи
  • 2 лажички инстант кафе
  • 50 г путер
  • 50 г шеќер
  • 1 големо јајце
  • 50 г бадеми
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 4 топки сладолед
  • 4 лажички ликер од кафе (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Ставете го млекото, сувите сливи и кафето во блендер и блендирајте. Потоа додајте го путерот, шеќерот, јајцето, бадемите, какаото, брашното и блендирајте пак.
  2. Ставете ја смесата во 4 чаши по 175 милилитри. Ставете во микробранова печка за 6 минути. На крајот ставете сладолед и кафе од ликер и уживајте во вкусниот пудинг!

Погледнете како да направите солени вафли со тиквички за секоја пригода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар