Рецепт за солени бомбици со сирење

Вашите гости сигурно ќе се вљубат во овие вкусни бомбици со сирење и многу зачини!

Рецепт за солени бомбици со сирење

Потребни состојки:

  • 230 гр козјо сирење
  • 230 гр крем сирење
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос
  • лажица 1 сечкано свежо пиперче
  • 1 лажица свежи лисја од мајчина душица
  • малку ситно рендана кора од лимон
  • сол и свежо мелен црн пипер по вкус
  • 65 гр пињоли

Начин на подготовка:

Блендирајте ги козјото сирење, крем сирењето, магдоносот, пиперчето, мајчината душица и кората од лимон додека не се соединат, околу 1 минута. Зачинете со сол и црн пипер. Изладете додека не се стегне малку, околу 30 минути.

Ставете ги пињолите во една чинија. Од смесата со сирењето направете топчиња, а потоа извалкајте ги во пињолите. Изладете додека не се стегнат целосно, од 1 до 2 часа.

Прочитајте за овие 10 намирници што визуелно го намалуваат стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар