Рецепт за палачинки од тиквички со сланина и павлака

Тиквичките се одлична летна храна без разлика како ќе ги подготвите. Но, дали имате пробано палачинки од тиквички со полнеж од сланина и павлака? Ако одговорт е не, тогаш погледнете го овој рецепт и побрзајте да ги пробате!

Рецепт за палачинки од тиквички со сланина и павлака

Потребни состојки:

  • 1 средна тиквичка
  • 3 големи јајца
  • 80 милилитри млеко
  • 10 милилитри минерална вода
  • 50 г брашно
  • 50 г рендано сирење
  • 1/2 врски копар
  • сол и бибер

За полнежот:

  • сланина
  • павлака

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете ја 10 минути, а потоа исцедете ја.
  2. Измешајте ги јајцата со брашното, ренданото сирење, сечканиот копар, солта, биберот, млекото и додајте ги тиквичките. Додадете минерална вода за да добиете густа смеса за палачинки.
  3. Добро измешајте ја смесата и пржете ги палачинките во тава со малку зејтин.
  4. Во друга тава пржете ја сланината. Потоа, премачкајте ги палачинките со павлака, додадете ја сланината, завиткајте и сервирајте.

Погледнете го и овој рецепт за полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар