Рецепт за крем супа која ги исфрла сите токсини од телото

Полна со моќни и хранливи витамини од лук, сладок компир, морков и други состојки, оваа крем супа од зеленчук ги исфрла мастите и токсините и е одлична за овие есенски денови.

Состојките во оваа супа се полни со растителни влакна, а зачините како црниот пипер и чилито го стимулираат ослободувањето на токсините од телото. Безбедна, ефикасна и истовремено хранлива, оваа супа е одличен избор за здраво слабеење.

Рецепт за крем супа која ги исфрла сите токсини од телото

Потребни состојки:

  • 1 поголем сладок компир
  • 3 средни моркови
  • 200 г варен грав
  • 1 мал црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 стебленце целер
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 1 лажичка мелено чили
  • 1 мал ловоров лист
  • сол и црн пипер
  • 1,5 литри бујон (месо или зеленчук)
  • 3 лажици маслинов зејтин или по зејтин по желба

Начин на подготовка:

  1. Излупете го сладкиот компир и морковите, измијте ги и исечете ги на мали коцки. Ситно исечкајте го кромидот и целерот и исцедете го лукот.
  2. Загрејте го маслиновиот зејтин во длабока тава и додадете го кромидот. Оставете го додека малку пожолти, па додадете го лукот, потоа целерот и оставете уште една-две минути. Потоа додадете го сладкиот компир и морковите. Додадете сол, чили, мелен пипер и ловоров лист, а потоа истурете го бујон врз сè и оставете го на огнот.
  3. Пробајте ги морковите и сладкиот компир и кога ќе забележите дека им требаат уште неколку минути готвење, ставете го зготвениот грав да се комбинира со останатите состојки.
  4. По готвењето, со помош на блендер, направете крем супа.

Пробајте го и овој рецепт за брзи и солени стапчиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар