Рецепт за домашен лосион за тело без којшто нема да сакате да го поминете летото

Целодневното изложување на сонце, сол, хлор и ветер може да ја направи вашата кожа сува во текот на летните месеци. Со оглед на тоа што ваквата кожа има потребна од зголемена хидратација, можеби нема да ви бидат доволни лосионите кои најчесто ги користите за таа намена. Но, не грижете се, ние го имаме најдобриот рецепт за вас со чија помош можете да направите одличен лосион за тело којшто ќе ја одржува вашата кожа хидрирана дури и во најекстремните услови.

Потребни состојки:
  • 70 милилитри бадемово масло или маслиново масло (маслиновото масло потешко се впива во кожата)
  • 30 милилитри билен дестилат (од нане или лаванда)
  • 15 капки етерично масло од нане
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во мала боца од 100 милилитри со распрскувач. Добро протресете го пред употреба и нанесете го на кожата по секое туширање. Можете да го користите и повеќе пати во текот на денот, доколку чувствувате дека ви се суши косата и дека имате потреба од него.

Погледнете ги и најдобрите 6 совети за грижа и нега на кожата после сончање.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар