Рамен стомак без диета и вежбање: Врзете конец околу половината за да ги добиете посакуваните стомачни мускули

Физиотерапевтите пронашле нов начин кој ќе ви помогне да постигнете рамен и затегнат стомак. Имено, се покажало дека еден обичен конец врзан околу половината, може да ви помогне да добиете затегнат стомак, без притоа да вежбате или да одите во теретана.

Рамен стомак без диета и вежбање: Врзете конец околу половината за да ги добиете посакуваните стомачни мускули

Водечкиот британски физиотерапевт, Семи Марго, тврди дека конецот врзан околу половината постојано ја потсетува личноста на неопходноста за зацврстување на стомачните мускули.

„Земете конец, врзете го околу стомачните мускули. Поставете го на половина земен воздух, така што ќе го почувствувате откако ќе издишите. Притисокот од конецот постојано ќе ве потсетува на неопходноста од затегнување на мускулите. Правете го тоа во текот на целиот ден: Додека одите, додека стоите, за време на работата или дома. Обидете се да не го отстраните конецот колку подолго можете да издржите. Тој ќе ви даде рамен стомак и ќе ви го подобри држењето на телото“, вели Семи.

Ваквите вежби се прават постојано, што е многу поефикасно од вежбањето три пати неделно. Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето да го остварат посакуваниот резултат, со помал психолошки и физички напор. Внатрешните стомачни мускули најверојатно се едни од мускулите во човечкото тело кои не се тренираат со динамички напор, туку со статичен. Постојаното нивно затегнување (вовлекувањето на стомакот) е вежба која доведува до рамен стомак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар