Психолозите откриваат 5 љубовни фази и во која од нив најчесто доаѓа до раскинување

Во врска сте и мислите дека тој/таа е токму за вас. Ви се чини дека сте совршен пар и дека ќе бидете заедно до крајот на вашиот живот. Но, некогаш работите не се како во филмовите и вие се соочувате со вистината дека можеби тој/таа не бил/а толку совршен/а за вас. Фазите на љубовта се скалило по кое треба да се искачите ако сакате трајна врска.

Психологот Џед Дајмонд после 40 години истражување дошол до заклучокот дека не е проблем да се пронајде љубовта на животот, туку проблемот се состои во тоа што таа не може да опстане бидејќи повеќето луѓе потешко минуваат низ сите 5 фази на љубовта. Во продолжение прочитајте ги сите фази и откријте во која фаза повеќето парови се одвојуваат.

1. Фаза на заљубување

Оваа фаза е кога живеете под „облак од среќа“. Ова е време кога сте максимално ориентирани кон партнерот, па сите надежи и желби ги насочувате кон него. Сега вашиот партнер е идеална личност и недостатоци не постојат.

2. Фаза кога веќе сте пар

Во оваа фаза љубовта станува посилна. Често во оваа фаза паровите се одлучуваат за заеднички живот. Сега си влијаете еден на друг во различни аспекти во животот и ова е време на заедништво и радост. Често во овој период паровите се одлучуваат за деца. И тогаш верувате дека вашиот партнер е личност за вас.

3. Фаза кога прекинувате да живеете под „облак од среќа“

Ова е фазата кога сфаќате дека повеќе не сакате како претходно, немате силни чувства на љубов и среќа. Вашиот партнер станува лесно предвидлив и неговото однесување ве нервира на повеќе нивоа. Може да посакате да се одморите од заедничкиот живот или да почнете да мислите дека повеќе не сте еден за друг. Во оваа фаза најчесто заглавуваат повеќето парови.

4. Фаза кога се создава вистинска, трајна љубов

Ако ја надминете третата фаза и не ја прекинете врската, ќе преминете во оваа фаза. Вашиот ум е ослободен од сите илузии кои се поврзани со партнерот. Личноста што е пред вас не е онаа што ја замислувате туку е вистинска личност. Ја прифаќате и ги разбирате нејзините недостатоци.

5. Фаза во која двајцата заедно можете да го смените светот

Оваа е последната фаза на љубовта. Во силната и долготрајна врска сте ги надминале сите несогласувања и сте дошле до следниот заклучок: вие двајца можете да го промените светот. Тоа значи дека можете заедно да пишувате, да почнете заедничка работа, едноставно да најдете нешто што ќе можете заедно да го остварите. Во оваа фаза можете да бидете сигурни дека личноста покрај вас е створена за вас.

Прочитајте и кои се тие знаци што ќе ви помогнат да дознаете дали е вистинска љубов или летен занес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар