Психолошки нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани

Психолошки нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани

Ако имате панични напади, променливо расположение или чувствувате тага, веројатно мислите дека се справувате со депресија. Но, причината понекогаш е друга. Можеби страдате од анксиозност, или пак биполарно нарушување. Сепак е навистина лошо кога ќе добиете погрешна дијагноза и ќе примате терапија за нарушување кое всушност воопшто го немате. Следуваат 5-те ментални нарушувања најчесто се погрешно дијагностицирани.

1. Биполарно нарушување

Worried man

Ова нарушување е навистина тешко да се дијагностицира бидејќи симптомите се многу слични со синдромот на нарушување на вниманието и хиперактивност (ADHD). Најизразените симптоми се екстремни промени во расположението кои може да траат од неколку часа до неколку месеци, и луѓето кои страдаат од ова чувствуваат постојана манија, депресија или комбинација од двете. Се разбира, симптомите не ѝ дозволуваат на личноста да одржува здрава врска со другите, ниту пак да биде продуктивна. ADHD е состојба која трае цел живот, но која се појавува многу рано. Биполарното нарушување од друга страна обично се појавува кај лица над 18 години. Променливото расположение кај личностите со ADHD трае околу половина час, додека кај луѓето со биполарно нарушување трае многу подолго.

2. Анксиозност

(2)mentalni-narushuvanja-koi-chesto-se-pogreshno-dijagnosticirani-kafepauza.mk

Под стрес сте наутро, попладне и навечер? Можеби станува збор за нешто повеќе од обична нервоза. Анксиозноста предизвикува чувства на интензивна паника и страв, проблеми со спиењето, гадење, напнатост во мускулите и вртоглавица. Многу често анксиозноста се дијагностицира како депресија. Депресијата ја карактеризираат чувства на тага и безнадежност, губење интерес за разни работи, како и мисли за смрт и самоубиство. Луѓето со анксиозност се грижат за иднината и за она што ќе се случи, додека луѓето со депресија се сигурни дека нивната иднина е безнадежна.

3. Шизофренија

(3)mentalni-narushuvanja-koi-chesto-se-pogreshno-dijagnosticirani-kafepauza.mk

Ова сериозно нарушување има влијание на размислувањето и извршувањето дури и на наједноставни задачи. Па работата и училиштето можат да бидат вистински предизвик доколку не се прима некаква терапија. Иако малку луѓе страдаат од шизофренија, дијагнозата не е секогаш точна од првиот преглед. Луѓето со шизофренија обично имаат халуцинации, како слушање гласови или гледање работи кои не постојат, па не се свесни што е реално, а што не. Од друга страна пак, Кушинговиот синдром, нарушување како резултат на преголема изложеност на стрес, има физички симптоми кои ги нема кај шизофренијата, но менталните симптоми се неверојатни слични. Луѓето со овој синдром може да искусат манија, депресија и други психички нарушувања.

4. Посттрауматско стресно растројство

(4)mentalni-narushuvanja-koi-chesto-se-pogreshno-dijagnosticirani-kafepauza.mk

Ако некоја личност доживеала каква било траума, а потоа има и епизоди кога го преживува тоа искуство, многу е веројатно да страда од ова нарушување. Симптомите вклучуваат проблеми со спиењето, раздразливост и гнев. Ако верувате дека страдате од посттрауматско стресно растројство, многу е веројатно лекарот да ве дијагностицира со анксиозност или депресија. Многу е важно да се знае настанот кој го предизвикал ова нарушување со цел да се даде точната дијагноза.

5. Гранично нарушување на личноста

Female psychologist making notes during psychological therapy session

Ова е многу комплексно нарушување кое влијае на врските на пациентот со блиските пријатели и семејството. Луѓето кои страдаат од ова растројство многу често имаат екстремни емоционални реакции, многу се импулсивни и не можат да го одржуваат квалитетот на врската. Нивното расположение се променува многу брзо, а многу често се и гневни. Тешко е да се постави дијагноза за ова нарушување бидејќи пациентите обично имаат симптоми на анксиозност и депресија. Иако можеби терапијата за овие болести ќе им помогне, сепак нема да можат да ги одржат врските во животот. Многу често се препорачува терапија со разговор која се покажала многу ефективна кај луѓето со гранично нарушување на личноста.

Погледнете и кои се помалку познати ментални болести за кои треба да бидете свесни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар