Прочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од кревет

За сите оние моменти кога умот ви делува потежок од вашето тело, кога мислите ви ги парализираат нозете и на срцето полека му снемува биења – запомнете го ова!

Прочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од кревет

Запомнете дека сè уште има цел за вас во овој свет, дека сè уште сте тука со причина, дека вашата приказна не е завршена и дека не смеете да се откажете од себеси. Вие мора да се борите за себе и да ја завршите вашата приказна, мора да го најдете вашиот вистински повик и да бидете активно вклучени во животот бидејќи сè уште има место за вас во овој свет!

Запомнете дека некој се смее само затоа што знае дека сте тука. Вие некому му го разубавувате денот, и правите да се чувствува како да има за што да се бори низ тешките денови. Нечиј свет е подобар бидејќи вие сте во него.

Запомнете дека постојат луѓе што сè уште веруваат во вас и мислат дека сте способни да ги постигнете вашите цели. Некој сè уште навива за вас, верува во вашите таленти, детали, креативност, во умот и во вашето срце. Некој гледа во вас нешто што вие сè уште не можете да го видите во себеси.

Запомнете дека вашиот збор е важен. Вие сè уште имате право да кажете каков сакате да ви биде животот, но и покрај тоа што немате контрола над сè, тоа е доволно за да се насочите во вистинската насока. Вие сè уште имате избор. Сè уште можете да одберете различен пат, различна насока што ќе ви помогне да се смените. Вие сè уште можете да одберете да бидете среќни!

Запомнете дека никогаш порано не сте се чувствувале вака, дека сте преживеале тешки денови со скршен дух, трагедии и болка, но секогаш сте наоѓале начин да најдете излез, секогаш сте знаеле како да почнете од почеток, секогаш сте знаеле како да се составите од парчињата што ви останале. Можете сè да направите одново. Вие отсекогаш сте биле борци, биле посилни од сите пречки што животот ви ги поставил пред вас и сте биле похрабри од вашите стравови.

Запомнете дека иако денес можеби не можете да се натерате да станете од кревет бидејќи светот одеднаш ја изгубил смислата во вашиот ум, утре е сосема нов ден и ќе имате нова шанса да ја пронајдете повторно светлината. Можеби токму утре ќе сретнете некој или ќе дознаете нешто што целосно ќе ви го промени животот, засекогаш. Запомнете дека утрешнината никогаш не ја губи моќта да ви го промени животот.

Запомнете дека со тек на време, сè полесно ќе ги надминувате овие лоши денови. Теговите нема да ви бидат толку тешки и ќе можете самите да си се носите. Утре вие ќе сфатите дека сè уште сте тука, со причина, и ќе научите како да живеете. На тој начин ќе сфатите и дека светот не е толку лошо место колку што сега ви изгледа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар