Познат психијатар споделува 5 начини за справување со сите пречки во животот

Дали денот ви започна лошо? Дали причината е вашиот шеф, партнер или некој пријател? Без разлика на изворот на вашата нервоза, никогаш не е доцна да се справите со ситуацијата, да ја решите и да продолжите понатаму. Но што кога ќе се соочите со заканувачки проблем за којшто не сте сигурни како да го надминете?

Познат психијатар споделува 5 начини за справување со сите пречки во животот

Секој од нас се соочува со пречки речиси секој ден, па важно е да ја држите главата исправена без разлика на сериозноста на проблемот. Познатиот психијатар, Микаил Литвак, споделил одлични совети кои можат навистина да ја променат вашата моментална ситуација.

1. Престанете да се жалите

Многу често луѓето сакаат да зборуваат за некого зад неговиот грб. Најчесто причината е што луѓето не сакаат да ги изнесат фактите пред некој, а тоа може да предизвика проблеми. Не можете да зборувате лошо за вашиот шеф бидејќи имате семејство за хранење и сметки за плаќање. Па како да се ослободите од тие мисли? Многу едноставно, жалете се за личноста зад него. Колку и да звучи добро, никогаш не е во ред да зборувате лошо за другите. Ако ги насочите гневот и фрустрацијата во вистинската насока, резултатите ќе бидат феноменални.

2. Интроспекција наместо депресија

Некои луѓе се навикната на идејата за интроспекција, а многумина имаат навика да се сомневаат во речиси сè околу нив. Интроспекцијата е добра бидејќи ви разјаснува дали се движите во вистинската насока. Но ако претерате, можете да создадете нешто што не постои. Па, внимавајте на вашите прашања и запрашајте се дали подобрувате нешто или само се растажувате. Ако одговорот е вториот, можеби треба да промените нешто.

3. Чувствувајте се добро, не прашувајте ги другите

Дали сте прашале некого дали да се разбудите ова утро или што да облечете? Важно е контролата да биде ваша, а не на другите. Ова е ваш живот и не ви е потребна ничија дозвола за да направите нешто. Ќе се чувствувате добро кога ќе го следите вашето срце, а тоа е можеби најважното нешто. Без таа среќа не би стигнале никаде. Важно е да се фокусирате на вашите желби и соништа повеќе од што било.

4. Не можете да ги задоволите сите

Важно е да разберете дека невозможно е да ги задоволите сите. Ако сте фокусирани на тоа, голема е веројатноста да ги испуштите добрите работи во животот. Секој околу вас има разни потреби во зависност од неговиот карактер. Ако се обидувате да ги задоволите сите, ќе го изгубите вашиот идентитет, а без него не сте ништо. Престанете да задоволувате и почнете да живеете.

5. Не слушајте ги негативните коментари

Ако го прашате чевларот како се качува планина или ако го прашате готвачот како работи авионот, сигурно нема да добиете точен одговор. Важно е да ги поставувате вистинските прашања на вистинските луѓе за да дојдете до најдобриот одговор. Покрај тоа, ако сте упатени кон нешто неверојатно, голема е веројатноста да слушнете многу критики од луѓе кои не го поминале вашиот пат. Ако се движите по патот што ретко кој го одбира, ќе се појават многу луѓе кои ќе се обидат да ве демотивираат. Ова не значи дека треба да ги слушате. Целете кон ѕвездите, но држете ги нозете на земјата и ќе го добиете она што го сакате.

Aко сте соочени со навистина голем предизвик, овие цитати ќе ве мотивираат да продолжите понатаму.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар