Посни бомбици од суво овошје и јаткасти плодови

Овие бомбици изгледаат толку украсно што ќе посакате да ги закачите на новогодишната елка, но што е уште поважно – тие се и многу здрави и вкусни

posni-bombici-od-suvo-ovoshje-i-jatkasti-plodovi-kafepauza.mk

Потребни состојки за 20 бомбици:
  • 100 г мелени бадеми
  • 100 г урми или суви смокви
  • 100 г ореви или лешници
  • Сок од еден портокал
  • Една кесичка екстракт од ванила
  • 1 голема банана
  • Пола кесичка цимет
  • 3 лажички мелен кокос
Начин на подготовка:
  1. Бадемите и урмите или смоквите ставете ги во блендер и иситнете ги, а оревите или лешниците исечкајте ги на покрупни парчиња.
  2. Изгмечете ја бананата.
  3. Сите состојки промешајте ги, додадете го сокот од портокал и екстрактот од ванила.
  4. Мешајте додека не добиете компактна смеса од која ќе направите бомбици кои на крајот ќе ги извалкате во кокос, мелен рогач или какао.
  5. Чувајте ги бомбиците во замрзнувач, но внимавајте колку ќе јадете од нив. Иако се здрави, бидејќи не содржат шеќер, брашно и масло или путер, тие сепак се многу калорични.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар