Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

Човечки е да се сонува. Секој има надеж и нешто што сака да го оствари. Понекогаш овие соништа може да бидат едноставни, додека пак во други случаи може да бидат поголеми. Некои сонуваат да станат богати, а други сонуваат за денот кога ќе можат да се откажат од своите лоши навики. Како и да е, продолжете да сонувате. Посегнете по она што го посакувате, а потоа и кон нешто повеќе.

Сонувајте големи соништа, но бидете реални

Бидете реални

Додека посегнувате по ѕвездите, многу е важно да останете со нозете цврсто на земјата. Некои едноставно не се наменети за вас и се надвор од вашиот дофат. За да се стигне до некои, пак, потребно е да се преземат повеќе чекори. Ако вашиот сон е да станете богати, реалниот начин за да го реализирате е да започнете со планирање. Почнете да ги планирате работите кои може да ги направите токму сега, што значи остварување на моменталните цели. Ова може да го постигнете така што од секоја плата ќе издвојувате одредена сума пари. Иако можеби ви изгледа како бавен начин за остварување на вашиот сон, во секој случај е подобар отколку постојано да бидете во место и да не преземате ништо. Вчера тоа било ваш сон. Денес, вие веќе правите чекори за да го реализирате.

Бидете внимателни

Внимателноста значи да учите да живеете во сегашниот момент, зашто така ќе можете да уживате и во најмалите нешта во животот. Многу е важно да обрнете внимание на сѐ што се случува во вашата околина, без тоа да го толкувате. Тоа значи да не им дозволите на вашите емоции да излезат на површината како што ги набљудувате случувањата во животот. На прв поглед ќе ви се чини тешко да го отстраните минатото да ви влијае на сегашноста, но со малку повеќе фокусирање на работите, полесно ќе ви биде да ги оставите сите оние нешта и да живеете во сегашниот момент. Ова не значи дека треба да станете студена личност без емоции. Со живеењето во сегашноста, вие ќе научите да ги преиспитате своите ставови и мислења, што значи дека ќе му овозможите на вашиот мозок да ја процени ситуацијата што вистински се случува, наместо да дозволите за вас да решаваат вашите емоции. Со користење на вакви техники за внимателност, вие ќе бидете способни да живеете во реалноста, која пак ќе ви помогне да ги достигнете ѕвездите кои ги посакувате. Многу луѓе откриле дека кога биле внимателни и еднаш веќе ги промениле своите соништа, тие биле способни да видат што навистина посакуваат во животот.

Сонувајте големи соништа, но бидете реални

Да сонувате или не

Некои луѓе имаат проблем со скротувањето на нивната имагинација. Овие видови личности честопати ќе бидат фрустрирани кога нема да ги остварат своите големи соништа што ги замислувале. Откако ќе се случи ова, тие ќе го отфрлат овој и ќе почнат да замислуваат друг, исто така невозможен сон. Наспроти ова пак, други луѓе имаат проблеми воопшто да си дозволат да сонуваат. За да се реализираат соништата, потребно е да се пронајде некоја средина помеѓу овие две крајности.

Со тоа што ќе си дозволите да сонувате и да се надевате, ќе го направите животот вреден за живеење, но секогаш внимавајте тие соништа да бидат реално остварливи. Не можете да сонувате да станете голема пеперутка, доколку никогаш не сте биле гасеница. Доколку не преземете соодветни чекори кои ќе ве водат кон вашиот сон, тој никогаш нема да стане реалност. Значи, сонувајте големи соништа, но бидете сигурни дека постојат начини како да ги остварите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар