Понекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо вас

Понекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо вас

Не можете да ги запрете своите чувства, а најстрашниот дел од сѐ е очекувањата кои можете да си ги замислувате, особено ако гледате потенцијал во личноста што ви се допаѓа. Но, секогаш кај вас ќе постои страв кој ќе ве запира и ќе ве враќа назад, затоа што тешко е да се преброди одбивањето. Но, како би го знаеле крајниот резултат ако никогаш не преземете ризик, паметен ризик во разумни граници?

Понекогаш треба да ги признаете своите чувства, пред некој друг да го направи тоа наместо вас

Пред да се одлучите да ги искажете своите чувства, потсетете се дека секоја личност не реагира исто. Доколку таа во моментот не е заинтересирана за состанување, можеби со текот на времето ќе се сменат нејзините чувства. Од друга страна пак, не игнорирајте ги ниту знаците кои многу јасно ви покажуваат дека таа личност не се чувствува на ист начин како вас. Тогаш соберете храброст да продолжите понатаму по својот пат, каде што ќе дојде некој друг.

Откако ќе утврдите дека можете да ги признаете своите чувства, ментално подгответе се, односно, имајте надеж, но истовремено бидете и реални. Ако чувствата се взаемни, дајте си време да го откриете карактерот на другата личност. На почетокот можеби ќе биде возбудливо, но тоа е така затоа што се обидувате да се импресионирате еден со друг. Наскоро ќе се покажете во вистинското светло и тогаш ќе сфатите дека работите стануваат посериозни. Не паничете. Прифатете ги работите онакви какви што се и уживајте во меѓусебното време.

Од друга страна, одбивањето не значи дека не сте доволно добри за нив, туку едноставно дека другата страна смета дека вие двајцата не си одговарате еден со друг. Не треба да гледате само од ваша перспектива. Погледнете малку од туѓата страна и почитувајте ги туѓите постапки и мислења.

Кога ќе развиете чувства за некого, вие се возбудувате, но исто така и се плашите. Но, доколку сакате нешто да се случи и работите да се променат, бидете доволно храбри да ги признаете своите чувства, затоа што никој не може да прочита што се наоѓа во вашиот ум. Резултатот може да ви го скрши срцето, но секогаш е подобро ова, отколку секоја ноќ да заспивате прашувајќи се „Што ако…?“ Па, искористете ја можноста да ги изразите своите чувства, пред некој друг да го стори тоа за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар