Погледнете кои се здравствените придобивки од бакнувањето!

Погледнете кои се здравствените придобивки од бакнувањето!

Преку бакнежите, можеме да искажеме повеќе отколку што можеме со зборови. Повеќе научни истражувања покажаа дека бакнежите ги подобруваат шансите за оргазам, а поради реакциите кои ги создаваат, тие нѐ прават поздрави. Од бакнувањето има многу здравствени придобивки. Погледнете кои се дел од нив.

0-poglednete-koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-baknuvanjeto-kafepauza.mk

1. Страсното бакнување нѐ одржува млади

При бакнување се активираат преку 30 мускули на лицето. Благодарение на тоа, бакнежите спречуваат создавање на брчки и го стимулираат обновувањето на кожата.

2. Го зајакнува имунитетот

Бакнувањето го зголемува крвниот притисок и го забрзува пулсот – тоа го зајакнува имунолошкиот систем.

3. Троши калории

Со помош на долгите и страсните бакнежи може да согорите и до 13 калории. Па следниот пат кога ќе изедете некое колаче, пресметајте колку калории има и потоа фрлете се на работа. А, освен што согорува калории, бакнувањето му помага на организмот и да се опушти.

4. Создава чувство на среќа

Бакнувањето го стимулира ослободувањето на ендорфинот – хормон кој создава чувство на среќа и задоволство. Ете уште еден начин како да се ослободите од негативните мисли.

5. Ги намалува алергените реакции

Бакнежите ја подобруваат работата на хормоните кои дејствуваат како аналгетици. Плус, нѐ ослободуваат од алергените реакции и го одложуваат почетокот на симптомите како што се кивањето и течењето на носот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар