15-минутни вежби за цврсти стомачни мускули

Кит Рич е иснтрукторка за фитнес од Лос Анџелес која има неограничени познавања за тоа какви вежби треба да правите и како да се храните, за да изгледате витко и да бидете здрави. „Најжешките“ ѕвезди од Холивуд се зависни од уникатниот микс на Кит од повеќе дисциплини, кој претставува комбинација од кардио-вежби, јога, пилатес и вежбање со тегови. Таа се однесува со нејзините клиенти, онака како што се однесува со себе: им поставува предизвик, внесува чувства во вежбањето и расположува со својот ведар дух и смисла за хумор.

15-минутни вежби за цврсти стомачни мускули

Таа вели дека доколку ги правите вежбите кои се прикажани во нејзиното видео, ќе почувствувате видливи резултати во намалување на вишокот сало околу стомакот и ќе ги зајакнете мускулите. Трикот е да ги повторувате овие 5-минутни вежби по 3 пати во серија (вкупно 15 минути) и да ги правите 4 пати во неделата. Па што чекате? Притиснете плеј и почнете да согорувате калории. 🙂


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар