Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

Автор: Весна Јовановска

За време на празниците, сигурно голем дел од вас ќе посегнат по фотоапаратите за да овековечат некој момент со пријателите, партнерите, семејствата или роднините. Еве неколку совети за да избегнете лоша фотографија, темна, заматена, презаситена со црвеникави или зеленкасти нијанси, со погрешен фокус или пак со премногу детали во позадина кои можат сосема да ја уништат.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

1. Дефокусирани фотографии

Се случува вашиот главен предмет да не е во средината на сликата што сакате да ја фатите, па вашиот дигитален фотоапарат може да го постави фокусот на некој друг детаљ околу него. Во ваков случај, придвижете го фотоапаратот полека сè додека предметот не се најде во центарот на сликата што е пред вас. Потоа, притиснете го копчето за фотографирање до половина и задржувајќи го, движете се повторно додека да ја најдете идеалната поставеност на предметот на вашата фотографија. Сè додека го држите копчето на овој начин, предметот ќе остане во фокусот дури и кога ќе го придвижите фотоапаратот за да направите нова композиција.

Друга алтернатива е да ја вклучите опцијата за препознавање лица (ако фотографирате луѓе) и системот автоматски ќе ги лоцира на екранот. Со понапреден фотоапарат пак, можете да фокусирате мануелно, но ова може да ви одземе многу време и да го пропуштите моментот што сакате да го уловите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

2. Заматени фотографии

Ако вашите раце треперат или она што сакате да го фотографирате е во движење, може да добиете нејасна и заматена фотографија. Со ова може да се борите преку прилагодување на ISO-параметрите. Ако ја зголемите неговата вредност, блендата ќе биде побрза и ќе ви овозможи полесно да го уловите моментот. Но, треба да знаете дека со зголемување на ISO-вредноста, опаѓа квалитетот на фотографијата, односно се појавува оној точкаст ефект. Сè зависи од видот на фотоапаратот, но прифатливи резултати ќе добиете ако ISO-вредноста варира од 400 до 800. Над ова може да одите само ако планирате фотографијата да остане во електронска форма, односно да не ја печатите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

3. Проблем со балансот на белата боја

Сончевата светлина, обичната сијалица, флуоресцентното светло, итн., сите тие произведуваат различни нијанси. Вашиот фотоапарат автоматски ја прилагодува светлината, но тоа не е секогаш успешно. Најчести проблеми се пренагласена портокалово-црвена боја, кога фотографирате во простории осветлени со стандардна сијалица или пак зеленикава нијанса, ако фотографијата е направена под флуоресцентно светло.

За да се справите со овој проблем, треба да изберете баланс на белата боја кој ќе одговара на средината. Најдобро е тоа да го сторите мануелно, ако вашиот фотоапарат има таква можност. Можеби ова ви звучи комплицирано, но всушност е брза операција. Го насочувате вашиот фотоапарат кон бел лист хартија и го притискате копчето. Ова овозможува најпрецизна репродукција на боите и не мора да го повторувате пред секое ново фотографирање. Штом еднаш ќе го направите, тоа така и ќе остане сè додека вие не одлучите да го промените.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

4. Премногу темни лица

Врз основа на автоматскиот експозициски систем, вашиот фотоапарат се обидува добро да осветли сè што е на фотографијата. Но, во некои случаи не успева во тоа. Како на пример, кога фотографирате на плажа, на јако сонце или во снежни услови, поздината е многу посветла од луѓето на вашата фотографија и ги прави да изгледаат премногу темни. Едно од решенијата е да користите некоја од однапред дефинираните сцени, како на пример, оние за снежни услови, за сонце, плажа…

Друга опција е да го вклучите блицот при правење на секоја фотографија. Во автоматски мод, тој нема да се активира доколку светлината во средината е доволно јака, но може да ви помогне при фаќање надворешни сцени, на тој начин што ќе ги осветли лицата и ќе го улови моментот од некоја динамична акција што сакате да ја фотографирате, дури и кога е многу сончево.

За пофина и подобра контрола на светлото, истражете ги опциите за компензација на експозицијата. Дури и фотоапаратите без мануелна контрола ја имаат оваа опција. Таа ви овозможува автоматско подесување заради усогласување со условите што ги гледате. Прилагодувањето на екпозицијата се прави со стискање на копчето плус/минус, зависно од тоа дали сакате да постигнете посветол или потемен ефект. Ова експериметирајте го во вашето слободно време, кога не фотографирате важни настани.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

5. Премногу детали во позадината

Често сме презафатени фокусирајќи се на предметот на нашата фотографија и не забележуваме што сè има во позадината. Но, кога ќе ја видиме фотографијата отпосле, ќе забележиме дека има еден тон непотребни детали кои го уништуват посакуваниот ефект.

Затоа, пред да фотографирате внимавајте на опкружувањето. За да добиете почиста фотографија, поместете го субјектот или предметот на вашата фотографија подалеку од елементите кои можат да ја уништат или пак поместете се вие. Во спротивно, може да направите фотографии на кои личноста ќе изгледа како срасната со нешто од позадината.

Ако вашиот фотоапарат е со напредни функции, тогаш можете да ја користите опцијата „aperture-priority“, којашто ви овозможува да контролирате колку светло влегува во фотоапаратот и колку од работите се во фокусот на фотографијата. Овој ефект е познат и како длабочина на полето. Плитката длабочина значи дека предметите кои се поблиску до фотоапаратот ќе бидат во фокус, а зад нив ќе се направи фина заматена позадина на фотографијата. Значи, доколку фотоапаратот ви ја дозволува оваа опција, намалувајте ù ја вредноста за да создадете апстрактна матна заднина пред која фокусирано ќе биде претставен предметот на вашата фотографија.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар