Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Сигурно сте ја чуле изреката „Ние сме она што јадеме“ – и бидете сигурни дека вашиот мозок се согласува со тоа. Добро е познато дека здравата исхрана ве тера да се чувствувате поенергично и ви обезбедува подобар имунитет, но дали знаевте дека таа значително влијае и врз здравјето на мозокот и дека храната помага во борбата против деменцијата? Подобрените когнитивни способности, спречувањето на деменцијата, борбата против Алцхајмеровата болест и состојбите кои вклучуваат загуба на меморијата или полошо помнење се, исто така, под влијание на вашиот начин на справување со гладот.

Постојат 5 видови на храна што треба да ги избегнувате колку што е можно повеќе, ако сакате вашиот мозок да функционира беспрекорно:

1. Туна

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Ова може да ве изненади најмногу, затоа што рибите генерално се богати со хранливи материи кои се препорачуваат како дел од здравата исхрана, но рибите кои се богати со жива имаат лош ефект врз когнитивните перформанси. На прво место е туната (свежа, замрзната или конзервирана), а потоа и сабјарката, ајкулата итн.

2. Вакумирани печива

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Колку што се примамливи и практични додека патувате, дури и варијантите за кои можеби мислите дека се здрав оброк – како некои интегрални мафини со житарки или зеленчук , ова е храна што е лоша за вашиот мозок. Високата содржина на транс-масти во таквите производи е поврзана со намалувањето на волуменот на мозокот, слабата меморија и падот на когнитивната функција. Транс-мастите, исто така, ја менуваат структурата на клеточната мембрана и може да доведат до дегенерација на клетките во мозокот.

3. Вештачки и рафинирани шеќери

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Вештачкиот шеќер, како што е аспартамот, заедно со рафинираните шеќери, покрај тоа што му штетат на вашиот струк, го оштетуваат и вашиот мозок. Истражувањата од оваа област укажуваат на директната поврзаност помеѓу дијабетесот и деменцијата. Скоро целата пакувана и вакумирана храна содржи вештачки шеќери.

4. Црвено месо и производи од месо

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Црвеното месо е богато со железо, што е важно за нашето тело. Сепак, како неповолност, зголемениот влез на железо може да биде да биде и штетен. Вишокот на железо доведува до оксидативни промени на клеточно ниво и детоксикација на мозочното ткиво. Затоа, не претерувајте со количината на црвено месо во вашата исхрана. Тука спаѓаат и сушеното месо, како и сите конзервирани јадења, богати со шеќери, конзерванси и натриум (како виршлите, конзервираното месо, сланината). За нив е познато дека се токсични за организмот, но и за мозокот. Ако сте љубител на сланина, одберете ја онаа со најниски вредности на натриум (ако е можно и без натриум) и ограничете ја консумацијата.

5. Термички обработените сирења

Овие 5 видови храна го саботираат вашиот мозок

Досега сигурно сте научиле многу за штетноста на храната што претрпела каква било обработка, а истото важи и за сирењата. Ова се однесува на исечените, вакумирани парчиња сирење, спакувани парчиња сирење и какви било други форми на процесирано сирење што може да го најдете во продавниците. Ова не значи дека треба да се откажете од овој млечен производ кој на многумина им е омилен, но изберете природна варијанта.

Ако гo внесете овој зачин во исхраната ќе гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар