Ова е најдобриот начин да се опуштите и да имате повеќе енергија

Дали сте знаеле дека денот на еден просечен човек се состои од лежење и седење, проследени со минимално движење? Сигурно веќе многу добро знаете дека овој начин на живеење има изразено негативен ефект врз вашето здравје. Токму затоа и треба да го почнувате секој ваш ден со 5-минутна флуидна јога, која сама по себе не го содржи целото движење кое ви е потребно во животот, но е одличен почеток. Доколку ја практикувате секое утро, по само една недела ќе забележите неверојатни резултати: Намалување на болките во грбот, подобра флексибилност и повеќе енергија.

Ова е најдобриот начин да се опуштите и да имате повеќе енергија

Исполнете го секое утро со здрава доза енергија и активност. Нема да ви биде потребно ни многу време и простор, а нема ни да им сметате на соседите бидејќи станува збор за тивка физичка активност. Запомнете, начинот на кој го одржувате телото во форма за време на јогата е поважен од самата флексибилност, барем во почетокот. Исто така немојте да се напрегате до граница на болка, утринското растегнување треба да биде пријатно и стимулативно. Погледнете го ова видео кое ќе ви покаже како секојдневно да го започнувате утрото на квалитетен и здрав начин:

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар