Откријте зошто е прекрасно да се биде сингл за време на празниците

Откријте зошто е прекрасно да се биде сингл за време на празниците

Сигурно повеќето од вас сте се нашле во ситуација кога сите во вашата околина, освен вие, заљубено ги поминувале празниците со нивните партнери. Но, помислете на тоа дека тие луѓе се лишени од некои работи коишто може да им се случат само на оние кои се сингл за време на празниците.

Овие неколку начини ќе ви покажат дека и не е толку тешко празниците да се поминат со статусот сингл.

1. Не мора да се измачувате со барање на совршениот подарок за вашиот партнер. Секако, посветете време на себе и на вашето потесно семејство.

2. За време на празниците не треба да се среќавате со неговите/нејзините родители, нешто што во повеќето ситуации е непријатно.

3. Можете да го трошите времето на што вие сакате: гледање филмови, дружење со вашите пријатели и други работи коишто ги сакате, бидејќи тогаш ја имате целосната слобода.

4. Нема потреба од правење компромиси за одредени планови или патувања. Можете да ги поминете празниците во домашна атмосфера, со своето семејство, или пак да се забавувате со вашите пријатели на начин којшто вие ќе го изберете.

5. Ова е одлично време да размислете што сакате и што не сакате во една врска. Искористете ги паровите од вашата околина за да дознаете што вие навистина би сакале.

6. Сосема сте слободни за нови пријателства, од коишто можеби ќе се роди и нова љубов.

7. Кога за време на празниците ќе се видите со вашите роднини, вие слободно можете да зборувате за вашата работа, кариерата и напредокот, без во преден план да биде вашиот партнер.

8. Целосно сте слободни за да ги посетите ноќните барови каде што некогаш сте излегувале. Вратете се во минатото и за миг оживејте ги вашите спомени.

Па, статусот сингл никогаш не звучел подобро!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар