Особините на вистинскиот џентлмен се...

Особините на вистинскиот џентлмен се…

Иако џентлменството не е мртво, денес е тешко да најдете некој со карактеристики на вистински џентлмен. Еве кои особини еден маж треба да ги поседува, за достојно да се стекне со тој епитет.

Особините на вистинскиот џентлмен се...

Трпение

Една од карактеристиките на вистинскиот џентлмен е трпението. Понекогаш мажите несвесно ве форсираат да преминете на наредната фаза. Ова и не е така лошо, освен ако не сте подготвени. Ако е така, џентлменот ќе ве разбере. Доколку пак сте спремни, нема да ви суди и ќе ве почитува. Која и одлука да ја донесете, тој секако ќе ве поддржи.

Манири

Кога џентлменот го запознавате со родителите, нема потреба да се грижите за тоа што ќе каже, бидејќи е секогаш пристоен и традиционален. За вас ќе прави мали и значајни гестови и најважно од сѐ, ќе ве третира онака како што заслужувате.

Пристојност

Да се разбереме, да излегувате со џентлмен не значи дека тоа ќе изгледа како во филмовите на Дизни. Тој нема да пее, игра околу вас и да ја докажува љубовта. Врската ќе биде нормална и вистинска. Па и да се случи некоја пцост не е крај на светот. Ако тоа го направи во афект, не лутете се и заборавете. Сепак, никој не е совршен.

Љубезност

„Молам“ и „благодарам“ се два мали, но значајни збора. Љубезноста и благодарноста се секогаш важни за него. Џентлменот е фин со келнерите и се насмевнува дури и на случаен минувач. Тој ќе биде оној кој сите посакуваат да го запознаат, но само вие сте среќници што го имате до себе.

Смиреност

На секој му се случува да се изнервира. Преголемата гужва во сообраќајот, расправиите со шефот, можеби некого ќе извадат од такт, но џентлменот знае како да се прибере и да не дозволи ситните фрустрации да влијаат на неговото вистинско јас.

Морал

Вистинскиот џентлмен никогаш нема да го направи она за што верува дека е погрешно. Има висок морал и секогаш знае до каде се дозволените граници.

Прави да се чувствувате пријатно

Нема да кажува непристојни шеги или да зборува за некоја несоодветна тема. Ќе направи сѐ за да се чувствувате удобно, пријатно и опуштено. За него дамата е секогаш на прво место.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар