Основни правила за носење на чизмите над колена

Основни правила за носење на чизмите над колена

Чизмите над колена се повторно во мода, а тие го прават женското тело женствено и сензуално, но внимавајте, може и да погрешите, особено со визуелниот впечаток што го дават со комбинирање на погрешни парчиња. По некое непишано правило нив може да ги носат само високи и изразито витки девојки, но вистината е дека можат да ги носат сите, но со правилно смислени модни комбинации.

1-osnovni-pravila-za-nosenje-na-chizmite-nad-kolena-kafepauza.mk

1. Ако сте високи и витки

Ви честитаме, може да ги носите со сите можни комбинации. Залепени фармерки, мини сукњи, шорцеви, хулахопки со дезен… па одберете!

2. Ако имате форма на јаболко

Со овие чизми најдобро би ви одговарале разлетани мини сукњи или шорцеви искомбинирани со блузи кои имаат V-израз. Овој израз визуелно ќе го намали и издолжи горниот дел на вашето тело.

3. Ако имате форма на круша

Ако сте витки, може да облечете залепен фустан, но мора да има некој впечатлив детаљ во горниот дел, на пример некој пожив принт, со кој визуелно ќе го пополните горниот дел и вашата фигура ќе изгледа складна.

4. Ако имате фигура на песочен часовник

Ако имате заносни женски облини, пазете со овие чизми за да не изгледате премногу вулгарно. Одличен избор за вас се чизмите со рамна пета, но ако се одлучите за некои со штикла тогаш заборавете на длабокото деколте и мини сукњата. Изберете елегантни и женствени комбинации, а избегнувајте ги премногу отворените и залепени парчиња.

5. Ако сте ниски

И ниските девојки можат да ги носат овие чизми само треба да ги прилагодат на својата градба. Изберете чизми кои не се премногу над колена и комбинирајте ги со еднобојни комбинации. Нозете може да ги издолжете и со хулахопки со хоризонтални пруги.

6. Ако сте „plus-size“

Лелеав фустан и совршени чизми супер би се вклопиле во вашиот изглед. Може да одберете и сукња до колена и складна блуза, а за визуелно да ја издолжите фигурата облечете јакна до колена. Избегнувајте широка облека.

0-osnovni-pravila-za-nosenje-na-chizmite-nad-kolena-kafepauza.mk copy

Совет плус!

Немојте да носите чизми над колена со:
  • Чипка или со нападни животински принтови
  • Со проѕирни чорапи со евтин бел отсјај
  • Сукњи кои прекриваат 2-3 см од чизмите
  • Долги сукњи
  • Хеланки со кратка блуза (туниката е задолжителна)
  • Што било кое изгледа вулгарно

Мал трик: Ако сакате да испробате како чизмите над колена би ви изгледале со некои комбинации, тогаш облечете темни, црни доколенки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар