Одлични за мезе: Рецепт за брзи и солени стапчиња

Овие брзи и лесни стапчиња се одлични за мезе, како и за грицкање додека уживате во омилениот филм или серија!

Одлични за мезе: Рецепт за брзи и солени стапчиња

Потребни состојки:

  • 125 г маргарин
  • 400 г брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 ќесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Изматете го маргаринот со едно јајце и сол, додадете брашно и прашок за пециво.
  2. Расукајте го тестото со сукало на набрашнета површина и премачкајте со другото изматено јајце.
  3. Кога тестото станува густо, завршете го месењето со рака.
  4. Посипете со додатоци по вкус и избор: ким, кари, оригано.
  5. Потоа, тестото се сече на стапчиња и се реди во плех обложен со хартија за печење.
  6. Печете кратко, петнаесетина минути, додека не поруменат.
  7. Исто така е убаво да се попрскаат стапчињата со пармезан, но потоа да го направите тоа кон крајот на печењето.

Пробајте го и овој рецепт за арапски палачинки со крем сирење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар