Одлична причина за да јадете сладолед во зима

Сладоледот може да го смири болното грло. Кога тоа ве гребе, особено кога ќе се разбудите наутро, значи дека устата е полна со бактерии. Тие го иритираат грлото и го предизвикуваат чувството на гребење. Внесувањето сладолед ја олеснува болката затоа што делува како анестетик поради својата ниска температура. Тој всушност не го лекува грлото, туку само го смирува на кратко.

Одлична причина за да јадете сладолед во зима

Исто така, не можете да очекувате сладоледот да го излечи болното грло, откако веќе ќе го смири. Доколку тоа е придружено со други симптоми на болест, сладоледот нема да ви заврши работа и би требало да одите на лекар. Но, ако проблемот е само во непријатното гребење, почестете се со некое топче и не грижете за тоа што не сте навикнати да го јадете во зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар