Одговорете на овие 10 прашања за да откриете дали сте подготвени да ги скратите шишките

Одговорете на овие 10 прашања за да откриете дали сте подготвени да ги скратите шишките

Понекогаш посакувате промена, а тоа најчесто е промена на вашата фризура. Шишките се голема промена и добро им одговараат на повеќето жени, но пред да ги скратите, одговорете на десетте прашања што се дадени подолу.

Одговорете на овие 10 прашања за да откриете дали сте подготвени да ги скратите шишките

Многу жени се склони кон промена на фризурата и со задоволство посегнуваат по ножиците. Кога имате желба за нешто ново, најчесто се одлучувате за кратење на шишките, а на тоа обично му претходат денови на интензивно размислување. Сите жени кои барем еднаш имале шишки знаат дека со нив треба да се однесуваат како со домашно милениче и дека треба да се грижат за нив. Без оглед на тоа колку порано ве нервирале шишките и сте се заколнале дека никогаш повторно нема да ги скратите, сепак сакате да им дадете втора (трета, четврта…) шанса.

Во тој случај, зимата ви е посебно драга затоа што ако нешто тргне наопаку со шишките, ќе можете да ги скриете под капата што ја носите. Одговорете ги прашањата што се дадени подолу за да откриете дали сте доволно емотивно стабилни да ги скратите шишките или подобро е да почекате со таа одлука.

1. Дали копнеете за промена во животот?

2. Дали дојдовте до оваа идеја откако видовте фотографија на Инстаграм од девојка со совршени шишки и помисливте: „Да, би можела и јас да го направам тоа“?

3. Дали сте уморни од кубењето на веѓите и поради тоа сакате шишки?

4. Веќе сте носеле шишки и сте биле незадоволни од нивниот изглед, па се надевате дека овој пат ќе изгледаат подобро?

5. Дали минувате низ период на раскинување?

6. Дали мислите дека шишките ќе ги скријат вашите несигурности, како што се големото чело, акните, брчките или другите несовршености на кожата?

7. Дали некој ви рекол дека шишките не ви одговараат на лицето, па сакате да го убедите во спротивното?

8. Дали сакате наутро да спиете подолго?

9. Дали ви пречи кога вашата коса ќе го допре лицето?

10. Не сакате често да одите во фризерски салон?

Дали сте подготвени да се грижите за вашите шишки?

Ако одговорот на кое било од овие прашања е да, тогаш не треба да ги скратите шишките. Но, промената на изгледот може да биде и позитивно искуство и затоа нема потреба уште од почетокот да се откажете од вашата желба. Овој прашалник служи за да ве потсети дека го правите тоа од вистинските причини засновани врз промислена одлука, а не поради моментален каприц.

Ако сакате да направите промена, погледнете кои фризури се хит оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар