Нов пролетен тренд: Долги елеци како задолжително парче во вашиот гардеробер!

Пролетта конечно пристигна, сега не само календарски туку и навистина. Метеоролозите најавуваат високи температури во наредните денови, а вие се запрашувате што да облечете и како одеднаш да ги замените капутите со пролетни блузи. Па затоа, ние ви го најавуваме новиот пролетен тренд кој ќе ве спаси од овие маки и температурните шокови кога од зима веднаш преминуваме во лето. Сепак, не треба одма да ја замените облеката која сега ја носите со онаа која ја носите во лето, бидејќи наутро и навечер се очекуваат пониски температури. Баш поради тоа, оваа сезона на сцена ни доаѓа дневното парче на кое секоја жена тешко ќе му одолее. И тоа поради повеќе причини.

1-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

За почеток, откриваме дека станува збор за долгите елеци изработени од најразлични материјали. Овој модел ќе биде идеално решение за сите ваши модни недоумици во пролетните топли денови и ладни ноќи. Моделот на капут или сако без ракави, покрај тоа што претставува голем тренд оваа пролет, стилски е прилагодлив на секоја ситуација и плус е тука кога ви треба нешто да ве згрее во вечерните часови.

Кројот и формата на долгите елеци е главно сличен, но широкиот избор на материјали ви ја дава таа слобода да ги избирате и да ги носите од утро, па до мрак, од работни состаноци, па сè до вечерни излегувања.

2-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

Кроевите се такви што најчесто станува збор за сако без ракави, што може да биде струкирано или лежерно да паѓа по вашето тело. Постојат и такви кои повеќе личат на мантили без ракави, со каиш кој можете да го заврзите околу половината или пак, да го оставите да паѓа. Кога станува збор за материјалите тука постои поголема разновидност и имате можност да избирате помеѓу оние подебелите од шифон со постава кои изгледаат како вистински зимски капути, само без ракави, и оние од потенки материјали кои наликуваат на сако, но и помеѓу оние од трикотажа за вистинските пролетни денови.

Долгите елеци можете да ги носите апсолутно со сè! Започнувајќи од елегантни аутфити со панталони со раб и кошула, фустан или здолниште, па сè до фармерки и обична бела блуза. Навистина е неверојатно колку ова парче гардероба е погодно за комбинирање и носење со различни модни комбинации.

4-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

Уште еден занимлив факт во врска со долгите елеци е тоа што можете да ги носите во сите бои, како и капутот и сакото, но кај елеците добрата страна е тоа што се без ракави, па и јаката боја изгледа некако ублажено кога под нив ќе облечете кошула во некоја неутрална нијанса, како што е на пример белата. Во тој случај светло жолтиот или црвениот елек претставуваат вистинско освежување на секојдневната лежерна комбинација која се состои од фармерки и блуза.

5-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

Кога сакате нешто во неутрална нијанса, тогаш комбинацијата на сив елек и бели пантолони, со останатите детали кои ја следат оваа неутрална приказна, е перфектно решение за долг ден на работното место или приватни случувања. Чевли со висока потпетица и шешир како шармантен украс во иста боја како елекот одлично ќе ви дојдат за да го надополните целиот изглед.

6-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

Белите елеци од тенки материјали секогаш ја носат таа елегантна приказна, без разлика дали ги носите со фармерки,широки пантолони или кожно здолниште. Во зависност од тоа со каков модел обувки ќе ја ускладите целата комбинација зависи и крајниот ефект кој сакате да го оставите. Сандалите со ремчиња и висока потпетица одлично се комбинираат со панталони со пократки ногавици и елегантна блуза, а рамните сандали со полна пета прават да постигнете лежерен изглед за секој ден. Кога со кожното здолниште и белиот елек ќе облечете и секси сандали со ремчиња и штикла, тогаш сте избрале совршен изглед за ноќно излегување.

7-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_ 8-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

Елеците од трикотажа и лесни материјали секогаш добро доаѓаат во моментите кога сакате вашиот изглед да го заокружите со ефективно парче, а тоа да не го почувствувате на себе. Тие се лесни и се чувствувате пријатно додека ги носите, а се добра идеја кога сакате да ги покриете деловите од вашето тело за кои сте малку несигурни и да се чувствувате посигурно во извршувањето на вашите секојдневни обврски.

9-nov-proleten-trend-dolgi-eleci-kako-zadolzhitelno-parche-vo-vashiot-garderober-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар