Кои 7 фази низ кои треба да поминете кога сакате некој што не може да го имате?

Низ кои 7 фази треба да поминете кога сакате некој што не може да го имате?

Како што е потребно време за да засакате некого, така е потребно и време за да се откажете од чувствата за него. Стручните лица посочуваат дека постојат 7 фази низ кои треба да поминете за да преболите некого кој не може да биде ваш.

Кои 7 фази низ кои треба да поминете кога сакате некој што не може да го имате?

1. Сфаќање на состојбата

Одеднаш, силно ве погодува нешто што дотогаш не сте го почувствувале – О, каква штета, па тој навистина ви се допаѓа. Ова е често некој кој го познавате долго време, можеби пријател, соработник или другар и одеднаш не можете да го „извадите“ од глава. Одеднаш тој за вас станува целосно различна личност, и секоја комуникација што некогаш сте ја имале е доведена во прашање, како во сето тоа да имало некакво скриено значење. Се обидувате да го истерате од мислите, но тој е таму секое утро, ве прогонува и ве прави среќни истовремено.

2. Разгледување на можностите

Можеби треба да му кажете нешто. Дали воопшто треба да му кажете што било? Како вие ќе се поставите во ситуацијата? Дали ќе се опиете заедно и одеднаш ќе се случи нешто? Дури и ако добиете храброст за да направите потег, како тоа би делувало? Разговарате со себе додека сте под тушот, обидувајќи се да испланирате идеален начин како да му кажете дека сте целосно вљубени во него. Но, сè ви звучи лудо.

Кога ќе дојде време, вие целосно ќе испаничите. Можеби има смисла ако се бакнете додека сте пијани, но вие едноставно не би го сториле тоа. Кога двајцата сте сами и може да си кажете нешто, вие се воздржувате. Претпазливи сте и се навраќате на тоа од каде што започнало сè – во целосната тишина.

3. Опседнување

Вие размислувате за него дење-ноќе. Го истражувате секое можно место на Интернет, каде што тој би можел да напише нешто или да објави фотографија. Вие не сте само вљубени, вие сте вон себе и го сакате уште повеќе затоа што знаете дека не може да го имате (затоа што не сте доволно храбри, или затоа што тој не ве сака).

4. Негирање

Па, така се преправате дека воопшто не го сакате! „Хаха, секако дека никогаш не те сакав!“ Како сте можеле да бидете толку глупави? Вие всушност ги преиспитавте сите податоци во вашата глава со сите можни причини зошто не е добра идеја да го сакате и знаете дека никогаш нема да можете да го имате затоа што тој е тотално погрешен за вас. Постојано се обидувате да се убедите дека не смеете да го сакате, а всушност го засакувате уште повеќе, само затоа што знаете колку ви значи.

5. „Крчкање“

Го прифаќате фактот дека го сакате, но знаете и дека ништо не може да направите. Едноставно сте во постојана состојба на жалење и се навикнувате на тоа. Како да чувствувате болка во мускулите и ви треба одмор. Во позадина постојано го слушате гласот кој ви кажува колку го сакате, но сè повеќе го игнорирате тој глас.

6. Пораз

Се ослободувате од чувствата затоа што знаете дека не постои ама баш ништо што би можело да се случи. И не само што ќе се разбудите еден ден и ќе кажете „Повеќе не ја сакам таа личност“, туку полека ќе избледат и чувствата и едно утро ќе се разбудите без да се сетите на него. Полека ја заборавате таа личност со целото ваше битие.

7. Повремено сеќавање

Може да поминат месеци и години и сè да дојде на своето место. И тогаш одеднаш да се појави нешто што ќе ве натера да се сетите на личноста по која патевте. Ќе се сетите точно како сте се чувствувале, како во сон. Ќе се сетите и на вашите средби и разговорите за него со пријателките. Сепак тоа не е целосно непријатно чувство, се работи само за носталгија. Болат сеќавањата поврзани со таа личност, најмногу затоа што сте ја сакале некогаш.

Можеби сакате да прочитате и 20-те најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар