Нискокалорична храна за инстант слабеење

Колку пати сте се обидувале да ги изгубите килограмите со разни диети и фитнес програми, а тие потоа се враќале со брзина на светлината? Колку пати ќе ослабете, ќе се затегнете, а штом престанете со диетата или вежбањето повторно се здебелувате? Ви звучи познато, нели?

Ако вашата цел е да ослабете и да изгубите неколку килограми, гладувањето и напрегнувањето не се единственото можно решение. Секако дека тие имаат ефект, но ако сакате да бидете здрави и на природен, здрав начин да ослабете, решението се крие во никокалоричната храна. Производите кои се богати со влакна, протеини и антиоксиданси се идеален избор. Погледнете ја оваа листа со производи кои нема да бидат ваши сојузници само во губењето на килограмите, туку и во зајакнувањето на вашиот имунитет и забрзувањето на вашиот метаболизам.

1-=niskokalorichna-hrana-za-instant-slabeenje-www.kafepauza.mk_

Малини – Многу нискокалорично овошје полно со влакна. Чинија полна со малини содржи 8 грама влакна, а само 64 калории.

Круша – Една круша во себе содржи 5 грама влакна и само 51 калорија.

Јаболко – Едно јаболко има 51 калорија, додека содржи 4,4 грама влакна.

Боровинки – Само една боровинка има помалку од 1 калорија, а дури 3,5 грама влакна.

Овесна каша – Една чинија каша содржи 60 калории, а 4 грама влакна.

Грашок – Мала порција грашок има 67 калории, но 8,8 грама влакна.

2-niskokalorichna-hrana-za-instant-slabeenje-www.kafepauza.mk_

Во нискокалоричен зеленчук кој е богат со витамини и минерали и го намалува ризикот од срцеви заболувања, но исто така помага и во слабеењето спаѓаат: кељот, спанаќот, брокулата, зелката, аспарагусот, карфиолот, морковот, печурките, кромидот, краставицата и доматот.

Производи кои се полни со протеини, а во себе содржат помалку од 300 калории се:

Јајца – 13 грама протеини, 155 калории во 100 грама.

Ракчиња – 24 грама протеини, 193 калории во 100 грама.

Туна – 26 грама протеини, 99 калории во 100 грама.

Пилешко месо – 30 грама протеини, 197 калории во 100 грама.

Мисиркино месо – 29 грама протеини, 189 калории во 100 грама.

03-niskokalorichna-hrana-za-instant-slabeenje-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар