Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Никогаш претходно немало некој како вас и никогаш нема ни да има. Да, постојат луѓе слични на вас: Луѓе кои го носат истото име, можеби кои имаат иста форма на носот или слични способности, но сличностите немаат големо значење. Сличностите не можат да се споредат со индивидуалноста.

Токму поради тоа што сте оригинални и неверојатни, никогаш не треба да се заљубите во некој кој ве смета за обични. Ниту за момент.

Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Кога сакате некого, нивната уникатност станува воочлива. За возврат, кога некој ве сака вас, сите неверојатни работи кои се дел од вас и ве прават поразлични од која била друга единка на светот, исто така стануваат видливи. Вие сте целосно отворени кога сакате и кога сте сакани, сите тие ваши посебни и уникатни карактеристики се претставуваат во вистинско светло. Во ваков случај како би можел некој да биде обичен?

Како што Антоан де Сент Егзипери напишал во „Малиот принц“: „Ако ме скротиш, ние ќе си бидеме потребни еден на друг. За мене, ти ќе бидеш единствен во целиот свет. За тебе, јас ќе бидам единствена во целиот свет…“

Кон ова треба да се стремиме во љубовните врски. Треба да се стремиме кон тоа да сакаме и да бидеме сакани на начин кој би направил најголемите романтични приказни на сите времиња да изгледаат како едно големо ништо. Џеј Гетсби не се однесуваше кон Дејзи како да е обична, а и Џек Досон не ја сметаше Роуз за обична. Можеби за другите луѓе од првата класа на бродот таа беше обична и ништо поразлична од останатите, но кога некој вистински ве сака, вие не сте повеќе обични, барем не за нив.

Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Ова значи дека ако сте во врска во која партнерот ве третира како и сите други, ако не може да го види сјајот кој прави да блескате толку силно и се распространува со секое ваше вдишување и издишување, тогаш треба да се запрашате: Зошто сте во ваква врска?

Дали сакате да бидете заљубени во некој кој никогаш нема да ве погледне онака како што секој неверојатен човек заслужува да биде погледнат? Или, пак, повеќе би сакале вашето срце да затропа поради нешто друго? Доколку барате голема љубовна приказна, ќе го изберете второто.

Не плашете се од тоа дека ќе бидете повредени. Сè е тоа дел од животот, уште едно искуство кое ќе ве направи силни и ќе ви помогне во личниот развој и созревање. Не плашете се да верувате во голема, вистинска љубов каква што гледаме на филмовите. Таа е возможна, само доколку храбро го отворите срцето и се осмелите да љубите безусловно и безрезервно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар