Нијанси на боја на коса што ќе направат да изгледате помладо: 6 трендовски предлози за оваа пролет

Дали сакате промена? Започнете со менување на бојата на косата! Со помош на нови нијанси не само што може да го освежите изгледот, туку и да вратите неколку години од вашиот био-часовник. Избравме 8 можности кои се сосема нов и модерен начин на боење на косата.

Нијанси на боја за коса што ќе направат да изгледате помладо: 6 трендовски предлози за оваа пролет

Косата е „рамка“ на лицето, што значително влијае на тоа како другите го перципираат нашиот изглед. Понекогаш, доволно е да ја промените фризурата и да ја изберете вистинската нијанса на коса за да изгледате помладо. Но, како да не погрешите?

Се разбира, постои универзален совет: изберете боја што е еден или два тона посветла (или потемна – за русокоси) од природната нијанса. Како да ја одредите вашата природна боја ако долго време се фарбате? Многу едноставно: погледнете го коренот! Сепак, понекогаш е потребна поголема внимателност.

Боја на мед

Оние кои имаат медено руса коса, тоа им дава посебен шарм. Оваа нијанса ќе му даде нота на романтичност на целокупниот изглед, а исто така ќе ги омекне и цртите на лицето и ќе го освежи тонот. Ако сепак претпочитате потемни нијанси, обидете се со омбре и нијансата на мед во пределот околу лицето.

Нијанса на пченица

Не заборавајте ги благородните класични нијанси! Оваа опција е погодна за скоро сите девојки со руса коса: посветлите прамени визуелно го истакнуваат внатрешниот сјај на лицето. Ако не ви се допаѓа експериментирањето, слободно изберете ја оваа боја.

Нијанса на шампањ

Нијансата на шампањот е опција за оние кои отсекогаш се платинесто русокоси. Премногу русата коса го намалува нивото на контраст, што значи дека оваа боја ќе донесе мало отемнување на нијансата. Со тоа цртите на лицето ќе се истакнат поживописно, а тоа автоматски ќе ви го „подмлади“ изгледот.

Тополо костенлива нијанса

Оваа нијанса воопшто не е досадна! Таа ќе ѝ даде на вашата кожа сјај како правилно избран хајлајтер. Пријателите и познаниците веројатно ќе ве прашаат каде толку добро се релаксиравте.

Ледена чоколада

Чоколадните тонови го обликуваат лицето, ги потенцираат јагодиците и ги изоструваат линиите на лицето. Не плашете се, нема да изгледате како готска принцеза, бидејќи брендовите на фарби за коса денес нудат многу нијанси на оваа боја.

Карамел

На бринетите им препорачуваме да изберат нијанса на карамел. Но ако изберете прамени од оваа боја, мора и да осветлите дел од косата. Покрај тоа, оваа опција извонредно ја маскира седата коса.

Заклучок: Денес се актуелни природните нијанси без исклучително светлите бои, бидејќи тие можат да привлечат внимание на несовршеностите на косата и да ги потенцираат промените поврзани со возраста. Ако навистина сакате да им „се препуштите“, следете го главното правило – не го ставајте акцентот на лицето.

Можеби сакате да прочитате и кои фризури ќе ви помогнат да го скриете израстокот на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар