Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

Растењето никогаш не било лесно и никој не може однапред да ве подготви за светот на возрасните. Постојат проблеми со кои ќе се соочите за кои како тинејџери никогаш не би ни помислиле дека можат да постојат. Но, вистината е дека и покрај тоа што има негативни страни и многу обврски, постојат и цел тон нови и возбудливи нешта кои го прават вашиот живот како возрасни прекрасен. Погледнете дел од нив…

Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

Самостојно истражување

Едно од најчудните делови на „возрасниот“ живот се сите оние „рандом џебови“ од слободно време. Вие немате притисок да учите за испити, ниту пак да читате за семинари, па токму затоа можете слободно да излезете сами во град и да шетате без никакви грижи. Едно од најдобрите чувства на светот е знаењето дека времето е само ваше и дека вие одлучувате што ќе правите со него.

Гордоста дека успевате сами

Не постои подобро чувство од она кога успевате сами да си ги платите сметките. Вие работите, заработувате и ги распределувате парите онака како што вие сакате. Одвреме-навреме и ќе се почестите нешто за добро завршената работа, па дури и покрај тоа што не сте милионери, сепак можете да кажете дека со труд сте стигнале онаму каде што сте сега.

Излегување во бар и пиење само една пијачка

Сите тинејџери и млади возрасни понекогаш (читајте: не многу ретко) прават дискутабилни и неодговорни одлуки кога станува збор за алкохолот. Тие едвај чекаат да дојде викендот за да можат целосно да се опуштат и притоа немаат никаква граница и не можат да проценат кога да престанат. Но, откако ќе ги надминете овие луди денови, вие веќе немате потреба од сите тие викенди кои изобилуваат со алкохол. Вие сте задоволни со само една чаша вино и разговор со вашите најблиски.

Да се биде возрасен значи да се однесува одговорно, а дел од ова однесување е и знаењето на вашите граници. Тоа не значи дека одвреме-навреме нема да претерате, но со оглед на тоа што мамурлакот е сè потежок со текот на годините, со тек на време едноставно веќе нема да ви вреди за маката.

Запознавање пријатели на неконвенционални начини

Запознавањето луѓе беше многу едноставно за време на средно и факултет. Без разлика дали патувавте со истиот автобус или пак, бевте во ист клас, секогаш налетувавте на луѓе со слични интереси како вашите. Но, откако почнувате со секојдневна работа, вашиот живот добива сосема нова насока и повеќе не сте изложени на толку нови пријателства истовремено. Токму затоа лесно е да се почувствувате невидливи и сами. Но, наместо да бидете тажни, вие можете да се обидете да го најдете тинејџерот во себе, онаа личност која лесно наоѓала пријатели во минатото, и со нејзина помош да излезете од вашата удобна зона и повторно да почнете да го ширите вашиот круг на пријателства. Без разлика дали тоа ќе биде на работа или пак, во маркетот.

Уживање во вашето друштво

Една од најтешките вистини за созревањето е фактот што сите продолжуваат понатаму. Без разлика дали станува збор за брак, деца, преселување во друг град или држава, луѓето на некој начин се оддалечуваат. Па, токму затоа мора да започнете врска со себе. Вие треба да научите да ги слушате вашите желби и потреби, понекогаш да барате утеха во неудобната тишина, како и навистина да сакате да бидете сами. Зошто да не излезете некогаш на вечера во ресторан сами со себе? Тоа е сосема природно и ви овозможува слободно време кое можете да го поминете сами со вашите мисли.

Целосно познавање на себе

Поголемиот дел од адолесценцијата како и во периодот на млади возрасни, многу луѓе постојано се обидуваат да го кажат и направат она што сметаат дека е правилно за луѓето околу нив, дури и ако тоа значи дека ќе одат спротивно од своите верувања. Тоа се случува поради потребата да се припаѓа. Но, кога ќе преминете во светот на возрасните, вие учите како да се прифатите себеси, во целост. Повеќе не се плашите да ја слушате музиката која ви ја бара срцето, ниту пак да ја покажете вашата желба за готвење, бидејќи навистина сакате да бидете 100% вие.

Блаженство кое доаѓа од непознатото

Да бидеме реални, животот е навистина стресен. Особено во почетокот, откако ќе завршите со студирањето и ќе почнете да одите на интервјуа. Или пак, кога ќе почнете да работите и кога ќе сфатите дека парите едвај ви помагаат да го истуркате месецот. Во тие моменти сте убедени дека никогаш нема да успеете во ништо. Но, голем дел од растењето е да прифатите дека многу од работите се вон ваша контрола и дека колку и да се обидувате, сепак многу нешта нема да излезат онака како што сте ги планирале. Ова не секогаш е лошо, од каде знаете, можеби понекогаш токму тие ќе ви помогнат да погледнете кон животот од друга перспектива.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар