Необичен, но незаборавен вкус: Палачинки со спанаќ, сланина и праз

Вашиот нов омилен оброк

Необичен, но незаборавен вкус: Палачинки со спанаќ, сланина и праз

Потребни состојки:
  • 400 грама праз
  • 150 грама сланина
  • 100 грама спанаќ
  • 500 грама крем сирење
  • Сол
  • Бибер
  • Палачинки (однапред подготвени)
Начин на подготовка:

Исечкајте го празот на тенки кругови, спанаќот на линии, а сланината на коцки. Земете една тава и пржете ја сланината сè додека не порумени. Внимателно извадете ја на страна, а во истопените маснотии динстувајте го празот. Посолете по вкус, а кога празот ќе омекне, додајте го и спанаќот и динстувајте уште неколку минути. Тргнете ја тавата од оган и вратете ја назад сланината. Додајте и малку бибер по вкус, па оставете да се олади. Потоа, додајте го и крем сирењето, па рамномерно нанесете го на однапред подготвените палачинки.

Од оваа смеса ќе имате доволно фил за 15 до 20 палачинки.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар