Неизоставен дел од бадниковата вечер: Стар рецепт за посна божиќна погача

Погледнете го овој неверојатно лесен рецепт за посна божиќна погача. Погачата можете да ја ставите на централното место на вашата трпеза и можете да ја украсите со суви сливи, кајсии и ореви.

neizostaven-del-od-bozhikjnata-trpeza-star-recept-za-posna-pogacha-kafepauza.mk

Потребни состојки:

  • 40 грама свеж квасец
  • 400 милилитри топла вода
  • 1 лажица шеќер
  • 3 лажици сол
  • 700 грама брашно
  • 50 милилитри + 2 лажици масло

Подготовка

Во топла вода се мешаат квасецот и шеќерот. Се додава половина од брашното, маслото и солта и добро се промешува. Потоа се додава остатокот од брашното и се меша додека смесата не стане многу густа. Кога смесата ќе биде готова за месење, се додаваат 2 лажици брашно и се замесува.

Тестото се покрива со крпа и се остава да стои 20-30 минути на топло место. Потоа се размесува и се шири со рака. Се става во тавичка од 30 центиметри. Се прават дупчиња со виљушка, се премачкува со масло и се остава уште 20 минути.

Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете ја погачата да се пече. Се пече околу 25 минути, односно додека да зарумени. Печената погача премачкајте ја со малку вода, завиткајте ја во крпа и оставете ја така до послужувањето.

Погледнете ги и овие необични рецепти за подготовка на риба.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар