Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

Јапонската нега на кожата, велат, е слична како и нивната кујна, се користат многу малку состојки и секоја од нив мора да биде со највисок квалитет за да се постигне саканиот резултат. Јапонците знаат да препознаат дека кожата ја рефлектира целокупната здравствена состојба на телото и се концентрираат на тоа да се излечат однатре, наместо само однадвор.

Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

Источните народи, за разлика од западните, иако не користат комерцијална козметика, имаат секогаш блескава и здрава кожа и изгледаат помладолико. Највредната лекција која можеме да ја научиме од нив е да се посветиме грижливо на негата, со многу внимание и љубов, а за возврат да добиеме изглед кој зрачи со младост и виталност.

Кога е во прашање надворешниот изглед, Јапонките користат помалку шминка, а секој производ за нега е внимателно избран, природен и ефикасен. Дури и самиот начин на исхрана влијае на општиот изглед. Тие јадат ориз, алги и пијат зелен чај – сите овие намирници се познати во козметиката и врз нивна основа се произведуваат голем број производи за нега. Она што ги прави различни од остатокот, е што грижата за себе им е посебен ритуал.

Негувајте ја вашата кожа на јапонски начин

Уште од времето на гејшите, негата на лицето е особено важна, бидејќи тие носеле неколку слоја шминка. Нивниот ритуал започнувал така што користеле природни отстранувачи кои ја топеле белата пудра, но дозволувале и длабинска нега на кожата. Потоа, се нанесувала хидратантна крема со лесни масажи на лицето.

Во јапонската култура не постојат резултати добиени преку ноќ. Тие секојдневно се грижат за себе, медитираат, се хранат здраво, бидејќи блескавата кожа е одраз на внатрешното здравје на телото. Размислете што сè прави лошата исхрана или недоволното спиење на вашето тело. Сето тоа се рефлектира на вашата кожа, па затоа е потребно освен на надворешната, да обрнете внимание и на внатрешната нега на телото.

Затоа, пред да се посветите на надворешната нега, на кремите за лице, лосионите за тело и шминката, бидете сигурни дека сте го направиле најдоброто за себе кога е во прашање исхраната и здравите навики. Само на тој начин ќе успеете да постигнете изглед каков што отсекогаш сте сакале.

Прочитајте ја и оваа јапонска диета со која може да изгубите и до 8 килограми за 14 дена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар