Не ги употребувајте овие 6 реченици на работа ако сакате да бидете сфатени сериозно

Не ги употребувајте овие 6 реченици на работа ако сакате да бидете сфатени сериозно

На работа треба да оставите впечаток дека сте личност со која колегите можат да соработуваат и затоа треба за себе да создадете слика на човек на кој може да му веруваат и на кој може да сметаат. Сигурно се трудите да ја изградите таа слика за себе, но можеби и ја поткопувате во исто време без да знаете. Ако честопати ги употребувате овие шест реченици, колегите и шефот нема да ве сфаќаат сериозно. Тоа го тврди Барбара Пачтер, експерт за деловно однесување и автор на неколку книги од оваа област, и советува да ги исфрлите од својот речник.

Не ги употребувајте овие 6 реченици на работа ако сакате да бидете сфатени сериозно

„Може ли да прашам нешто?“

Зарем ви треба дозвола да поставите прашање? Едноставно, прашајте.

„Се извинувам што ви пречам…“

А зошто мислите дека пречите? Подобро речете „Се извинувам, имате ли малку време да поразговараме?“

„Се надевам дека ќе имате малку време за…“

И во ваков случај речете само: „Се извинувам, имате ли малку време да поразговараме?“

„Ви благодарам што ме ислушавте.“

Доволно е да речете само „благодарам“. Тоа ќе им даде до знаење на слушателите дека сте завршиле. Вашите мислења и коментари се важни и затоа не треба да се заблагодарувате што некој ги сослушал.

„Ќе бидам искрен/а со тебе…“

Не мора да ја употребувате оваа фраза. Зарем не сте секогаш искрени?

„Се прашував дали можеби…“

Наместо „Се прашував дали можеби ќе добиеме доволно пари за овој проект“, прашајте „Ќе добиеме ли пари за овој проект?“ Тоа е пасивен и лош начин на поставување прашања.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар