Не е спремен за врска: Погрешно време или погрешен маж?

Не е спремен за врска: Погрешно време или погрешен маж?

Немојте да создавате од машко-женските односи квантна физика. Две личности или се создадени еден за друг или пак не, помеѓу нема. Нема совршени врски, но на односот треба да се работи и мора да се прават компромиси.

1-ne-e-spremen-za-vrska-pogreshno-vreme-ili-pogreshen-mazh-www.kafepauza.mk_

Она што го знаеме за врските воопшто не е квантна физика, туку основна психологија. А тоа нè поставува во позиција на оние кои разбираат, толерираат, опростуваат, па уште повеќе се трудат да анализираат и разберат, за да можат повторно да простат. И тука лежи целата несовршеност и целиот компромис и целиот ѕид на крајот од една слепа улица во која многупати сме заглавиле со нашето разбирање, толеранција, правење компромис и опростување.

Однос – тоа значи дека сме заедно во него, дека создаваме и ја следиме динамиката која произлегува од тоа што го размислуваме, чувствуваме, делиме, сакаме, планираме, се надеваме и трудиме. Двајцата. Кога сме сами во тоа, тогаш не постои однос.

Некои работи не треба да се обидуваме да ги разбереме, туку да ги сфатиме буквално и да не се обидуваме да ги анализираме, бидејќи тоа е само обид за на крајот повторно да ги сфатиме така како што ни одговара, да ни даваат надеж и да нѐ поттикнуваат да се задлабочиме уште повеќе. На пример, треба да го прифатиме фактот дека уште на почеток сме сами во нешто што го замислуваме како однос.

Да, тој не е спремен и го соопштува тоа. И тоа не го спречува да се гледа со вас, да има секс и да го одржува односот неспремен за врска. Не дека не му се допаѓате, туку едноставно не е спремен. А вие сте. И затоа ќе се потрудите да допрете до неговата спремност. Да создадете услови за да се почувствува спремен. И патем, со сите ваши потенцијали ќе го анализирате неговото однесување, сè што кажал и направил, сè што сте доживеале заедно, обидувајќи се да погодите (без стаклена топка) дали тоа значи дека наскоро ќе биде спремен или дека всушност веќе сте во врска, но тој не признава. Се прашувате дали е можно да се гледа со уште некоја жена или сè уште ја сака својата бивша, па му треба време.

2 -ne-e-spremen-za-vrska-pogreshno-vreme-ili-pogreshen-mazh-www.kafepauza.mk_

Па, да го разгледаме ова – ако не е спремен сега, нема да биде никогаш. Или можеби ќе биде, за 10 или 20 години, а тоа е исто како никогаш. И кога ќе го прашате кога ќе биде спремен, дали тој дава некој рок? И дали можете да прифатите да чекате толку – дали 6 месеци или една година делуваат разумно? Можете да се обидете.

Знаете ли што ќе се случи? Ништо! Наместо тоа, ќе се заљубите во некој којшто е спремен. Или тоа ќе му се случи нему. Или ќе помине половина година и вие ќе сфатите дека чекањето некого да биде спремен е невозможна мисија, а тој некој е крал на себичноста и нечувствителноста штом мисли дека некој треба да го чека за тој да сфати.

Што да се сфати? Да ја пронајде теоријата за апсолутност? Па, не се машко-женските односи квантна физика!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар