Научно потврдени причини зошто би требало да спиете голи

Мал број луѓе ширум светот се одлучуваат да спијат голи и тие веќе многу добро ги знаат придобивките. Но, сега науката конечно потврдува – спиењето голи може да биде најдоброто нешто што сте го направиле за себе. Погледнете ги следниве совршено логични и научни причини зошто би требало да ја исфрлите облеката помеѓу вас и чаршафите…

Научно потврдени причини зошто би требало да спиете голи

Подобро ќе се наспиете

Според едно истражување, како што заспивате, така температурата на вашето тело природно се намалува како дел од вашиот деноноќен ритам. Носењето пижами може да го наруши ова природно опаѓање на телесната температура и како резултат на тоа, да го наруши циклусот на спиење. Ова нарушување на температурата е директно поврзано и со несоницата, бидејќи ако не можете да го оладите телото, едноставно не можете да заспиете. Токму затоа науката вели дека исфрлањето на пижамите може општо да го подобри квалитетот на вашиот сон.

Ќе ги освежите вашите женски делови

Бидејќи вашата вагина има клима која е слична на тропска прашума, таа може да биде одлично место за развивање бактерии и габи. Токму затоа доколку ги исфрлите гаќичките и пижамите, вие ќе ѝ го дозволите потребниот проток на воздух со цел да остане сува и здрава.

Ќе се чувствувате секси

Спиењето голи е едноставно секси. Кога сте покрај вашето момче или девојка, нема нешто поубаво од будењето подготвени за утрински секс. Будењето без пижами автоматски предизвикува да помислувате на секс, па бидејќи веќе сте голи, нема толку да размислувате за „недостатоците“ кои чувствувате дека ги имате на вашето тело, а со тоа и ќе ја зголемите вашата самодоверба.

Ќе ја намалите големината на вашиот стомак

Доколку одлучите да спиете голи, вие на овој начин ќе ги изгубите маснотиите околу вашиот стомак, па дури и ќе го намалите холестеролот. Според една студија, вашето тело се оладува навечер, притоа зголемувајќи ги хормоните за растење, а истовремено намалувајќи го нивото на кортизол – постапка која резултира со „здрава шема на спиење“. Доколку вашиот сон се прекинува (многу често поради неудобни пижами), вашето тело природно ќе го зголеми производството на кортизол, кој понатаму ќе го зголеми и вашиот апетит.

Подгответе се за повеќе секс

Доколку спиете голи вие несомнено ќе имате повеќе секс. Тоа е сосема логично. Со спиењето голи вие се охрабрувате на повеќе секс, а со тоа и ја подобрувате вашата врска. Размислете, доколку веќе сте голи, буквално ништо не ве спречува да започнете со сексуален однос. И секако, зголемувањето на сексот ќе доведе до зголемување на интимноста со вашиот партнер како и до создавање повеќе окситоцин во вашето тело. Овој хормон е одговорен за намалување на стресот и ризикот од депресија, како и за многу други здравствени придобивки.

Нема да мора да се туширате наутро

Доколку сте личност која го мрази утринското туширање, тогаш дефинитивно би требало да ги исфрлите пижамите. Доколку спиете голи, температурата на вашето тело во текот на ноќта ќе остане ниска, а со тоа и ќе се намалат шансите дека утрото ќе ви биде потребно туширање. Доколку ви е топло додека спиете, вие се потите… А доколку се испотите, вашата коса ќе изгледа мрсно и нема да мирисате многу пријатно за луѓето околу вас.

Едноставно е полесно

Кога сме уморни, понекогаш сè што сакаме да направиме е што побрзо да легнеме во нашиот удобен кревет. Облекувањето пижами значи само одложување на времето за спиење, па токму затоа зошто би го правеле тоа? Можеби во моментов ви изгледа мрзливо, но понекогаш шкафот е едноставно предалеку…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар