Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Националниот институт за рак во Америка разгледувал неколку факти поврзани за ракот и се фокусирал на најчестите недоразбирања. Дали дезодорансите влијаат на нашето здравје? Дали е безбедно да живеете до електрана? Погледнете некои од најпознатите заблуди за ракот за кои научниците тврдат дека се невистинити.

1. Дали консумирањето премногу шеќер го поттикнува развојот на рак?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Не, но докажано е дека клетките на рак консумираат повеќе гликоза од нормалните. Не постојат податоци кои докажуваат дека слатките предизвикуваат рак. Исто така не постојат податоци кои докажуваат дека избегнувањето на шеќерот го забрзува лекувањето.

2. Дали вештачките засладувачи предизвикуваат онколошки заболувања?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Некои истражувања покажале дека консумирањето на овие производи не предизвикуваат рак. Сите вештачки засладувачи се одобрени од Американската администрација за храна и лекови.

3. Дали стресот води до рак?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Емоциите на секој болен човек се нестабилни. Оптимистите остануваат активни и остануваат во допир со светот, а ова им помага да се справат со болеста. Не постојат информации кои докажуваат дека постои врска помеѓу емоционалната состојба и ризикот од рак.

4. Дали електромагнетната радијација предизвикува онколошки заболувања?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Според најновите истражувања, одговорот е не. Ѕидовите на вашиот дом се доволна заштита од електромагнетната радијација.

5. Дали ракот е наследен?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Само 5-10% од ракот се развива како резултат на мутации кои се пренесени од претходните генерации. Останатите 90-95% од случаите се случуваат поради мутации кои се поврзани со стареењето или влијанието на околината.

6. Дали дезодорансите предизвикуваат рак на дојката?

Научниците побиле 12 заблуди за ракот

Супстанциите во овие производи не влијаат на промените на ткивото во градите.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар