Научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори - Part 2

Научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори

(1) Научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори

Тие никогаш не го кажуваат директно она што го чувствуваат

Кога сте во контакт со емоционален манипулатор, треба да знаете дека тие никогаш не играат фер. Наместо да ви кажат отворено што сакаат од вас или што им смета, тие ќе ви зборуваат зад грб, додека пред вас ќе се преправаат дека е сè во ред. Еден многу чест пример за оваа ситуација е одреден однос помеѓу партнерите, за кои најчесто се виновни жените. На пример, доколку тој сака вечерва да излезе со пријателите и ја праша својата партнерка дали е во ред со тоа, таа ќе му одговори: „Па, да… Малку ме боли глава и некако сум тажна, ама да, слободно оди.“ Тој секако од оваа изјава ја слуша само согласноста да излезе, па кога ќе се врати дома ќе сфати дека неговата партнерка е бесна затоа што тој не ги употребил своите моќи за читање мисли и не сфатил дека нејзината изјава за главоболка значела дека тој требало вечерва да остане дома и да ја гушка.

Совет: Кратко и јасно, никогаш не „читајте помеѓу редови“ кога станува збор за емоционални уцени. Животот е прекраток за да се обидувате некого да дешифрирате. Ако нешто навистина го/ја мачи, тој/таа треба сам да најде начин како  директно да ви го каже тоа.

Тие секогаш ги преувеличуваат своите проблеми во однос на вашите

Замислете го следново сценарио… Вие само што сте ѝ кажале на вашата пријателка во доверба дека ви починало кучето кое било вашиот најдобар пријател последниве 15 години и дека поради тоа се чувствувате ужасно. Па, таа без размислување, на оваа изјава ви одговара „Леле, подобро да не ти кажувам како ми е мене. Пред малку додадов еден дечко на Фејсбук и тој воопшто не ги лајкуваше моите фотографии. Целосно се посрамотив пред моите пријатели, ми доаѓа да пропаднам во земја!“ Емоционалните манипулатори од овој вид секогаш ги преувеличуваат своите проблеми, а вашите ги омаловажуваат, ако воопшто се способни да ги дослушаат до крај. Тие едноставно мора да бидат во центарот на вниманието.

Совет: Бидете директни, ако треба и остри, па отворено кажете ѝ на оваа личност дека во овој момент сакате да разговарате за вашиот проблем. Не се плашете да бидете искрени и никако не се воздржувајте да му/ѝ кажете ако чувствувате дека тој/таа со своето однесување се безобразни кон вас. Имајте на ум дека ако попуштите, прстот кој сте го дале денес, утре ќе се претвори во цела дланка.

Тие никогаш не преземаат одговорност

Емоционалниот манипулатор никогаш нема да признае дека направил грешка. Тие секогаш ги обвинуваат другите, бидејќи тие никогаш не се криви за ништо. На пример, доколку откриете дека вашето момче ве изневерило, па токму затоа и му раскинете, ако станува збор за емоционален манипулатор, тој ќе се обиде да ви ја префрли вината вам, велејќи ви дека сте биле ладни во кревет, дека не бил задоволен од вашиот сексуален живот или пак, дека вие воопшто не ги разбирате потребите на мажите, па токму затоа и сте го правеле несреќен.

Совет: Ако сте доволно упорни, можеби и можете да се обидете да инсистирате на фер утврдување на вината. Во случај да ви е дојдено преку глава од ова однесување, најпаметно е да ставите крај на контактот помеѓу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар